Крај на неработните денови во Русија

Русија од денеска, почна со нормален живот, по една недела неработни денови кои властите ги прогласија за да го сопрат ширењето на корона виурсот, иако во текот на тој период забележани беа нови високи бројки заболени и починати.
Претседателот Владимир Путин прогласи седум неработни дена од 30 оклтомври до 7 ноември, за да се прекине синџирот зараза во земјата, најтешко погодена од корона вирусот во Европа.
Во Москва како и во повеќето руски градови таа мерка вклучуваше затворање на кафулињата и рестораните, спортските центри, фризерските салони и продавници кои немаат неопходни производи.
Повеќето руски региони одлучија да не ги продолжат мерките и само неколку од ни, меѓу кои и Новогород на северозападот и Томск во Сибир се определија да го продолжат овој период на изолација на уште една недела.