Ковачевски во ООН: Неопходно е заедништво за да се обезбеди трајна слобода и мир

Премиерот во својот говор се осврна и на руската агресија врз Украина, нагласувајќи оти загрижувачки е тоа што доаѓа од постојана членка на Советот за безбедност на ОН


 

Неопходно е заедништво за да се обезбеди трајна слобода и мир во светот, порача премиерот Димитар Ковачевски, обраќајќи се пред присутните на генералната дебата на 77. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

„Силата е во заедништвото. Оваа лекција дека здружено можеме повеќе отколку сами, денес светот ја учи во неочекуваните околности со коишто сме соочени во 21-от век: прво пандемијата, а сега и суровата војна во Украина. Неопходно е заедништво на демократскиот свет, сега и понатаму, во надминувањето на последиците од светски размери, со коишто се соочуваат државите во Европа и пошироко во светот, истакна Ковачевски.

Во обраќањето пред светските лидери, тој се осврна и на војната на Русија во Украина, нарушеното снабдување со храна на светот, борбата со тероризмот, бегалскиот бран предизвикан од конфликтот, како и климатските промени и природните катстрафи предизвикани од нив. 

„Цел на Северна Македонија е мир. Ние сме земја која учи дека пријателството зависи од заедништото. Нашата земја  е пример за мултиетничка демократија во регоинот и во светот, и значаен партнер на ЕУ и на сојузниците од НАТО, рече Ковачевски. 

Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат најголем кредит, бидејќи предолго го чекаа овој момент. Разбирам зошто се чувствуваат фрустрирано и уморно одејќи по тој долг пат кон Европа. Но, ние немаме друга алтернатива која ќе ни овозможи подобар животен стандард, нагласи попладнево премиерот Димитар Ковачевски на Генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД).

Премиерот нагласи дека и покрај сите потешкотии, Европската Унија е се уште најдобрата опција.

„Ние едноставно ја немаме ниту можноста, ниту привилегијата да се откажеме сега. Сега е вистинското време да продолжиме со полна пареа уште побрзо напред. Членството на Северна Македонија во ЕУ е од суштинско значење и за самата ЕУ посебно во новите околности на глобален план, истакна Ковачевски кој додаде дека мора да се осигура евроинтеграцискиот демократски пат на Западниот Балкан како придонес во европскиот мир.

Тој посочи дека Северна Македонија работи низ фокус на решенија и низ заедништво во предизвиците кои не познаваат државни граници, етнички, јазични, религиски или други разлики.

„Сите сме на истиот брод и немаме друг избор освен солидарно да се поставиме едни кон други и обединето да дејствуваме во одбраната и унапредувањето на основните вредности – слободата и мирот во светот. Мирот се постигнува преку компромиси, но се чува со меѓусебно разбирање“, рече премиерот.

Ковачевски во својот говор се осврна и на руската агресија врз Украина, нагласувајќи оти загрижувачки е тоа што агресијата доаѓа од постојана членка на Советот за безбедност на ОН – Руската Федерација и тоа што низ насилство одлучува да решава предизвик. Покажувањето сила на една географски помала држава определена да споделува деморкатски вредности, според премиерот, е недозволив преседан.

„Силата е во заедништвото, оваа лекција дека здружено можеме повеќе отколку сами, денес светот ја учи во неочекуваните околности во кои сме соочени, прво пандемијата сега и суровата војна во Украина, неопходно е заедништво на демократскиот свет, заклучи Ковачевски, повикувајќи на решенија низ солидарност, одржливост и наука.

Во обраќањето пред светските лидери тој се осврна и на нарушеното снабдување со храна на светот, бегалскиот бран предизвикан од конфликтот, како и климатските промени и природните катстрафи предизвикани од нив.

„Цел на Северна Македонија е мир. Ние сме земја која учи дека пријателството зависи од заедништото. Нашата земја  е пример за мултиетничка демократија во регоинот и во светот, и значаен партнер на ЕУ и на сојузниците од НАТО“, рече Ковачевски.

Тема на годинашната генерална дебата е „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“. 

Со ова обраќање премиерот Ковачевски ја завршува посетата на САД и учеството на 77-то Генерално собрание на ООН во Њујорк.

Во рамките на Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации, премиерот Ковачевски учествуваше и се обрати на Самитот за трансформација на образованието, како и на состанок по повод 30 години од Декларацијата за права на малцинствата.

Премиерот Ковачевски, за време на работната посета на Њујорк одржа и предавање на престижниот Колумбија Универзитет, каде го претстави уникатниот македонски демократски и економски модел, а со бројните присутни професори и студенти дискутираше за предизвиците од економската и енергетската криза наметнати од руската агресија врз Украина, регионалниот развој, ЕУ интеграциите на Северна Македонија, како и потенцијалите на регионалните иницијативи како што е иницијативата Отворен Балкан.

Воедно, премиерот Ковачевски оствари средби со Генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, со лидерите на државите од Западен Балкан и потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел, претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, министерот за надворешни работи на Република Азербејџан, Џејхун Бајрамов, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, помошник-државниот секретар во Бирото за политичко воени работи, Џесика Луис, како и со Дерек Шоле, советник на Стејт департментот и со претставници на Американскиот еврејски комитет.

На покана на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, премиерот во придружба на сопругата присуствуваше на свечениот прием кој го организираше во рамки на 77-то Генерално Собрание на ООН. Премиерот и сопругата присуствуваа и на прием организиран од страна на градоначалникот на Њујорк, Ерик Адам.