Ковачевски со Вучиќ и Милатовиќ запеаjа „Дајте вина хоќу лом“


Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм профилот „будуќностсрбијеав“ објави видео од ресторан каде заедно со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ ја отпеаја песната „Дајте вина, хоќу лом“.

Ковачевски, по свеченото отворање на Вториот меѓународен саем за вино заедно со Вучиќ и Милатовиќ дојдоа на вечера во ресторан во Белград. Според објавеното видео, атмосферата била опуштена, а високите државници дегустирале вино.

– Да живее пријателството меѓу Црна Гора, Македонија и Србија! – стои во објавата на Инстаграм под видеото.