Ковачевски и Таравари утре ќе разговараат за влез на Алијансата во Владата


Фото: Б. Грданоски

 

Премиерот Димитар Ковачевски утре, најверојатно во Владата, ќе има средба со лидерот на Алијансата а Албанците (АА), Арбен Таравари, на која ќе се разговара за евентуален влез на партијата во владината коалиција, дознава МИА од избори во АА.

Претседателството на Алијанса за Албанците во петокот на седница во Тетово формира тим составен од лидерот Таравари и петмина негово најблиски соработници со задача да преговараат дали нивната партија ќе стане дел од Владата и ќе се прошири владиното мнозинство.

„Ние ќе седнеме, веќе имаме стратегија и што планираме да биде програма на Владата ако се прошири и кои ќе бидат нашите услови. Понатаму, ќе зборуваме и за кадровските решенија. Ако ни ги исполнат барањата посебно програмските барања, не толку кадровски, тогаш ќе ги слушнеме и членовите на АА и ќе донесеме одлука , јас се надевам не за долг период“, изјави Таравари во петокот.