Ковачевски: Брисел следи како Русите го поткопуваат угледот на НАТО и ЕУ на Балканот


Премиерот Димитар Ковачевски во изјава за „Нова“ вели дека во Брисел им предочил на структурите на НАТО дека Русија на Балканот агресивно се обидува да го поткопа угледот и довербата во НАТО и во Европската унија.

-На состанокот на Северно-атлантскиот совет посочив дека внимателно се идентификувани и се следат агресивните активности на Русија и во регионот на Западен Балкан, и дека тие имаат за цел да ги поткопаат угледот и довербата во НАТО и ЕУ, да предизвикаат безбедносна криза која ќе влијае на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан и да создадат дилема околу стратешката улога на НАТО и ЕУ во регионот- изјави за НОВА, премиерот Димитар Ковачевски.

Во тој контекст, премиерот ја нагласил потребата од поактивна улога на НАТО и ЕУ за да се стесни просторот за интензивното руско влијание.