Котлар ветува редари пред училиштата, а нив веќе ги има пред повеќе училишта
Пред крстосницата кај училиштето „Кочо Рацин“, кандидатот за градоначалник на Општина Центар Наташа Котлар рече дека безбедноста на учесниците во сообраќајот, сообено на дечињата и на ученициоте е многу важна.
– Затоа пред училиштата и градинките ќе воведеме Зона 30, со максимална брзина на возилата од 30 километри на час. Ќе поставиме визички препреки на улиците, визуелна и светлосна сигнализација. Секое училиште за децата од прво до петто одделение ќе има свој редар со жолт елек и знак Стоп, кој ќе може да го сопре сообраќајот кога ќе поминува поголема група на ученици – најави Котлар.
Инаку, ваква пракса веќе има воспоставено во повеќе општини во Скопје, на места каде безбедноста на децата кои поминуваат прометна улица е загорзена.