Користените автомобили се најскапи во историјата
Според он-лајн трговецот и посредник „AutoScout24“, користените автомобили во ноември се продавани за просечно 24.772 евра. Тоа е речиси 12 проценти повеќе од пред една година и најмногу откако се прават статистики.
Побарувачката за користени автомобили е многу поголема од понудата, а автомобилскиот сектор се соочува со криза по криза.
Пред две години фабриките беа затворени поради коронавирусот. После тоа уследи светски недостиг на чипови, што и натаму го мачи автомобилскиот сектор, а на таа криза се надоврза и недостигот на кабелски снопови за возила, кои се произведуваат во Украина.
Во меѓувреме, побарувачката е порасната. Некои нови автомобили сега имаат рок на испорака од една година, што користените автомобили ги прави попривлечни.
Како што јавува „Autoscout24“, состојбата на пазарот полека се поправа, иако цените и натаму растот. Ако овој тренд продолжи, просечната цена на користени автомобили на крајот на годината ќе надмине 25.000 евра на европскиот пазар. Првите информации од Австрија и Германија велат дека таа граница е веќе пробиена, пренесува „HAK revija“.