Конгресот го потврди Бајден за претседател, пучот на Трамп пропадна


Конгресот штотуку ја потврди победата на избраниот претседател Џо Бајден, и покрај протестите последната вечер со кои сакаше да се спречи таквата одлука. Потврдата се случи во четири часот наутро според американско време.

Пребројувањето на трите изборни гласови во Вермонт ги постави Бајден и новоизбраниот потпретседател Камала Харис над прагот од потребните 270 за освојување на претседателската функција.

Сенатот и Преставничкиот дом  ги отфрлија приговорите за изборните гласови во Џорџија и Пенсилванија. Републиканците исто така  ги проблематизираа изборните победи на Бајден во Аризона, Невада и Мичиген, но тие поплаки пропаднаа пред да дојдат до расправата во Конгресот.

Потврдата на победата на Бајден доаѓа откако про-Трамп протестантите упаднаа во американскиот Капитол. Заедничката седница на Конгресот, која вообичаено е свечен чекор, беше запрена неколку часа откако протестантите упаднаа внатре во зградата на Капитол.Постапката продолжи околу 20 часот по американско време по водство на потпретседателот Мајк Пенс.

„Да се вратиме на работата“, рече Пенс.

По официјалната потврда на победата на Бајден од страна на Изборниот колеџ  претседателот Трамп рече дека одлуката „претставува крај на најсилниот прв мандат во историјата на претседателството“.

„И покрај тоа што не се согласувам целосно со исходот на изборите, сепак ќе има уредна транзиција на 20 јануари“, рече Трамп во изјавата.

“Отсекогаш сум велел дека ќе ја продолжиме нашата борба за да осигураме дека се бројат само законски гласови. Иако ова претставува крај на најсилниот прв мандат во историјата на претседателството, тоа е само почеток на нашата борба да ја направиме Америка повторно голема”, рече Трамп повторувајќи ги лажните тврдења за изборите што поттикнаа толпата да упадне во Капитол.