Конференција „Патот кон единствениот европски пазар“


Во очекување на стартот на преговорите за пристапување кон Европската унија, Фондацијата Претприемачки сервис за млади денеска ќе организира виртуелна конференција на тема „Патот кон единствениот европски пазар“.

Целта на конференцијата, информираат организаторите, е да се покрене свеста за тоа што всушност значи да се биде дел од единствениот европски пазар, како и за влијанието кое пристапувањето го има за економскиот раст, креирањето нови работни места, подобрување на конкурентноста на претпријатијата, нивото на инвестиции и др.

За време на конференцијата учесниците ќе имаат можност да се запознаат со искуството на некои земји-членки на ЕУ како Финска, Чешка и Германија. Исто така, учесниците ќе може да се информираат за алатките кои Европската комисија ги има на располагање за граѓаните и компаниите за олеснување на правата за непречено вработување, студирање и водење бизнис во рамки на Европската унија.