Конечно и Шредер го критикуваше Путин

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, пријател на Путин поврзан во бизнисот со руски гас, ја осуди руската инвазија на Украина денеска, откако врз него се зголемуваше притисокот да го стори тоа.
„Војната и страдањата што таа ги предизвикува за народот на Украина мора да завршат што е можно поскоро“, рече Шредер на Линкедин. „Тоа е одговорност на руската влада“, додаде тој.
„Направени се многу грешки на двете страни“, рече Шредер, кој во последно време беше на удар на критики во Германија и пошироко поради неговиот став кон Путин. „Но, безбедносните интереси на Русија не ја оправдуваат употребата на воени средства“, рече тој.