Концерт на Националниот џез оркестар со студентите од ФМУ – Скопје и Џез академијата – Штип

Во Филхармонија вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар со студентите од ФМУ – Скопје и Џез академијата – Штип.
Како што најавуваат од Националниот џез оркестар, концертот ќе биде посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари.
На истата сцена, во единствена музичка средба, ќе настапат студентите од Факултетот за музичка уметност – Скопје и Џез академијата – Штип, заедно со искусните членови на Националниот џез оркестар.
-Овој концерт, кој се одржува по втор пат, ја продолжува успешната традиција на соработка меѓу младите таленти и Националниот џез оркестар. Настанот претставува значаен чекор во афирмацијата на новата генерација џез уметници, овозможувајќи им да настапат рамо до рамо со докажани професионалци и да го развијат својот уметнички потенцијал, стои во соопштението на Националниот џез оркестар.
Оттаму додаваат дека со оваа иницијатива се создава простор за меѓугенерациска размена и се поттикнува развојот на џез културата во нашата држава.
Влезот е слободен.