„Комунална хигиена“ ги расчисти дивите депонии околу зградата на МРТ


ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ги чистеше депониите околу реонот на Македонската радио-телевизија, пасошкото одделение на МВР, потегот кон МКЦ и МАНУ и кејот „Димитар Влахов“.

Од претпријатијето информираат дека дваесет работници од третата смена во целост ги отстранија дивите депонии што континуирано се создаваат во овој дел од градот, а извршено е и машинско миење со автоцистерна.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира до граѓаните и институциите совесно и одговорно да постапуваат со својот отпад, затоа што без нивната поддршка не може да се сочуваат хигиената и чистотата на нашиот град.

Секое исфрлање на отпадот на јавни површини, посочуваат, претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загадува животната околина.