Компанијата „Вирџин орбит“ ги прекина сите операции по неуспешното лансирање на сателитот


„Вирџин орбит“, компанијата на британскиот милијардер Сер Ричард Бренсон, дефинитивно ги прекина сите свои операции и тоа само неколку месеци по неуспешната мисија.

Компанијата го продаде целиот свој имот за 36 милиони долари, што е само 1 отсто од минатогодишната вредност од 3,7 милијарди долари. Во март, Virgin Orbit соопшти дека ќе ја намали својата работна сила за 85 отсто откако не успеа да обезбеди нови инвестиции, а потоа поднесе барање за заштита од банкрот во април.

Претходно оваа година, Virgin Orbit не успеа да го заврши своето прво лансирање на сателити од британска почва.

Седиштето, фабриката и опремата на компанијата ги купи ривалската компанија Rocket Lab за 16,1 милиони долари, а модифицираниот Боинг 747 со име „Cosmic Girl“ беше продаден за 17 милиони долари на компанијата Stratolaunch. Launcher Inc го купи објектот за лансирање на Virgin.

Virgin Orbit е основана во 2017 година, но никогаш не стана профитабилна како јавна компанија. Тој разви ракети за лансирање мали сателити и беше дел од империјата на Бренсон, која ги вклучува авиокомпанијата Virgin Atlantic и вселенската туристичка компанија Virgin Galactic.

Лансирањето на првиот сателит од британско тло во јануари беше неуспешно. Ракетата LauncherOne се одвои од авионот Cosmic Girl, стигна до вселената, но не стигна до целната орбита.