Компанијата АССЕКО СЕЕ се преименува во АСЕЕ


Една од водечките ИТ компании во Македонија, АССЕКО СЕЕ ДООЕЛ Скопје, која е дел од најголемата ИТ групација и пионер во развојот на банкарскиот софтвер – ASSECO SEE (АСЕЕ), објавува значајна промена во своето име.

Имено, од 3 октомври 2023 година, компанијата функционира под нов правен назив – AСЕЕ ДООЕЛ Скопје, скратено AСЕЕ ДООЕЛ Скопје.

Оваа промена е дел од стратегијата на групацијата ASSECO SEE за унификација на брендовите и проширување кон глобалниот пазар. Новото име, AСЕЕ ДООЕЛ Скопје, означува нова ера за нас како компанија и индустријата во целост. Од сега натаму, сите комуникации со нас ќе се вршат преку брендот AСЕЕ, користејќи го називот AСЕЕ ДООЕЛ Скопје, додаваат од компанијата.