„Комодита хоум“ ќе донира 1.500 душеци, првите ги доби Детската клиника Козле (фото)


Со донацијата на Детската клиника Козле, компанијата „Комодита хоум“ (Comodita Home) ја започна акцијата за донирање на над 1.500 душеци, во вкупен износ од над 100 илјади евра, соопштија од компанијата.

„Нашата стратегија за помош на здравствените институции внимателно ја подготвивме и ќе ја реализираме до крајот на годинава. Во план ни е да донираме над 1.500 душеци, а покрај Детската клиника Козле, душеци ќе добијат и Кардиологија, ковид центрите низ Македонија, геријатрија, СОС детско село…“, беше истакнато на прес конференција.

Од компанијата посочуваат дека во соработка со општините директно ќе ги помагаат и најзагрозените семејства.

„Донациите ќе се одвиваат на две недели, а по оваа денешна донација ја најавувам веќе потврдена и донацијата на универзитетската клиника за хируршки болести ‘Св. Наум Охридски’. Со овој наш потег се радуваме дека ќе им помогнеме на нашите сограѓани, а сметаме и дека нашиот хуман гест ќе биде поттик и за други компании да бидат општествено одговорни и да помагаат секоја во рамки на својот ресор на дејствување и своите можниости“, истакна на прес конференцијата Харитон Гаџоски од „Комодита хоум“.

 

„Комодита хоум“ на пазарот во земјава е од 2019 година, а од компанијата велат дека посебна гордост на брендот се токму душеците од сопствено производство. Фабриката за производство на душеци на „Комодита хоум“ е фабрика со еден од најголемите капацитети за производство во светот. (Фото: Б. Грданоски)