Комерцијална банка со гифт-картичка и во Ист гејт мол
Ист Гејт Мол и Комерцијална банка најавуваат картичка за подарување токму
пред Новогодишните и Божиќните празници
„Ист Гејт гифт-картичката“ ќе биде достапна во вредност од 1.000, 2.000, 3.000,
4.000 и 5.000 денари и со тоа ќе биде погодна за дарување во секоја прилика и за
најразличен повод. Со својот привлечен дизајн и пакување, со можност за лична
посвета, картичката претставува идеален подарок за роденден, венчавка, матура,
Нова година или, едноставно, за некого да изненадите или израдувате.
Комерцијална банка и Ист Гејт Мол се погрижија картичката да има голема намена
и со неа да може да се купува во продавниците во Ист Гејт Мол кои учествуваат во
програмата за прифаќање на картичката, а во кои се достапни најпознатите
брендови од модата, козметиката, техниката, спорт, накит… Со тоа подароккартичката лесно се прилагодува на вкусот на оној кој сакате да го изненадите.
Подарок-картичката ќе може да се купи во сите експозитури на Комерцијална банка
низ Републиката, а наскоро ќе биде достапна и на пултови во Ист Гејт Мол. Ќе има
важност од 6 месеци од денот на нејзиното купување и ќе може да се користи
повеќекратно во тој временски период.

Игор Давков, извршен директор на Ист Гејт Мол, изјави дека гифт-картичката е
реализирана во најбараните износи и е посебно дизајнирана за да одговори на
потребите на потрошувачите, а тоа е флексибилност на купување, избор од голем
број брендови и продавници, како и услуги. Следните планови на Ист Гејт Мол се
таа да се продава и на пултовите во Ист Гејт Мол, во рамки на работното време од
10:00 до 22:00 секој ден во седмицата.
Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и трансакциски
сметки, изјави дека новата гифт-картичка на Комерцијална банка е уште еден
производ направен според желбите и потребите на клиентите. Комерцијална банка
во својата широка понуда на кредитни производи и картички за граѓаните ги додаде
гифт-картичките како модерно и идеално решение за граѓаните кои сакаат сами да
го изберат идеалниот подарок за своите најблиски, а притоа тоа да не им одземе
многу време, изјави Чадиковски.
Ист Гејт Мол е водечки регионален трговски центар, кој се простира на 160.000 м2
бруто изградена површина. Поседува 57.000 м2 бруто изнајмена површина
распоредена на пет ката и располага со портфолио на 220 закупци. Ист Гејт Мол е
дел од повеќенаменскиот комплекс Скопје Ист Гејт.
Комерцијална банка АД Скопје е банка со традиција и е клучниот партнер на
компаниите и столбот на доверба кај граѓаните во земјава. Банката нуди широк
спектар на банкарски услуги, почнувајќи од прибирање депозити, одобрување
кредити на правни и на физички лица, издавање банкарски картички, услуги во
домашниот и во меѓународниот платен промет, електронско и мобилно банкарство,
па сè до активности како посредување во купопродажба на девизи, хартии од
вредност, форфетирање и друго.