Комерцијална банка го донесе Apple Pay за своите клиенти во Македонија

Комерцијална банка денеска го воведе Apple Pay за корисниците на нејзините картички. Apple Pay е лесен, безбеден и личен начин за плаќање во продавница, преку апликација или онлајн.
За плаќање во продавница клиентот едноставно кликнува двапати на страничното копче, се автентицира и го држи својот iPhone или Apple Watch блиску до терминалот за да направи бесконтактно плаќање. Секое плаќање со Apple Pay е безбедно бидејќи е автентицирано со Face ID, Touch ID или со лозинката од уредот, како и со еднократен уникатен динамичен безбедносен код.
Apple Pay е прифатен во маркети, аптеки, ресторани, кафетерии, продавници и на многу други места кои прифаќаат бесконтактни плаќања.
„Клиентите на Комерцијална банка стануваат дел од глобалното семејство на стотици милиони корисници на Apple Pay ширум светот. Наш врвен приоритет е да ги носиме најдобрите светски практики и технологии до нашите клиенти. Со Apple Pay овозможуваме уште едно врвно корисничко искуство, каде брзината, удобноста и безбедноста се беспрекорни“, изјави Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.
Клиентите, исто така, може да го користат Apple Pay преку iPhone, iPad и Mac за да вршат побрзи и поудобни купувања преку апликации или на интернет, без да треба да креираат кориснички сметки или постојано да ги внесуваат контакт информациите, податоците од картичката или информациите за достава и наплата.
Безбедноста и приватноста се во суштината на Apple Pay. Кога клиентите користат кредитна или дебитна картичка со Apple Pay, бројот на картичката не се зачувува на уредот, ниту на серверите на Apple. Наместо тоа се доделува уникатен број на сметка на уредот (Device Account Number), кој е енкриптиран и безбедно зачуван во Secure Element – сертифициран чип кој претставува индустриски стандард и е дизајниран за безбедно чување на податоците за плаќање на уредот.
Apple Pay се поставува едноставно. На iPhone, отворете ја Wallet апликацијата, притиснете ‘+’ и следете ги чекорите за да ја додадете дебитната или кредитната картичка од Комерцијална банка. Кога клиентите еднаш ќе ја додадат картичката во iPhone, Apple Watch, iPad или Mac, може веднаш да почнат да го користат Apple Pay на тој уред. Корисниците ќе продолжат да ги добиваат сите бенефиции и награди овозможени со картичките на Комерцијална банка.
За повеќе информации за Apple Pay, посетете го линкот https://www.apple.com/apple-pay/
За повеќе информации за Комерцијална банка, посетете го линкот https://kb.mk/apple-pay.nspx
(Комерцијален текст)