Комерцијална банка: Донацијата за „Михајлово“ е придонес кој поттикнува спортски дух


Годината во која одбележува седум децении успешно опстојување, на Комерцијална банка и почна со реализација на проектот ски-центар „Михајлово“, за чие опремување донираше средства. Отворањето се случи на самиот почеток од Новата година. Со тоа Кожуф станува посакувана спортско-рекреативна дестинација, а кавадаречкиот регион добива уште една можност за поголем развој. Новиот ски-центар е во близина на детското одморалиште Михајлово.

Донацијата е продукт на заложбата да се даде придонес за квалитетен живот на младите генерации и за развој на локалните заедници.