Колку време е потребно да се загрее кабината на електричните автомобили?
Колку време е потребно да се загрее кабината на електричните автомобили? За разлика од моторите со внатрешно согорување, каде топлпината е нуспродукт на работата на моторот, кај електричните возила топлината доаѓа од електричен греач.
Колку време е потребно да се загрее кабината: Понекогаш се чини како вечност…
Германскиот авто-клуб ADAC паркира неколку автомобили во студена просторија на минус десет степени и пота во нив вклучиле греење.
На тестот, „фиат 500e“, „рено зое“, „тесла модел Y“ и „волксваген e-Up“ не се прославиле. Кај споменатите модели биле потребни повеќе од 30 минути температурата на предните седишта да достигне 20 степени.
Победник е „бе-ем-ве iX“ кој по 20 минути достигнал висока температура во кабината, а на второ и трето место се„волксваген ID.3“ и „хјундаи кона3 со нешто повеќе од 20 минути.
Инаку, некои возила не успеале да се загреат во задниот дел од кабината ни по 30 минути непрекинато греење.