Колку троши Македонија за НАТО?
Во пресрет на самитот на НАТО, што се одржува денес во Брисел, а на кој за првпат како полнопрвана членка учествува и Македонија, Алијансата ги објави буџетите што сите земји членки ги трошат за воена одбрана, кои беа главна причина за кавга додека во САД беше претседател Доналд Трамп.
Според овие податоци Македонија го допрела дното во воената одбрана во 2017 кога издвојувала само 0,86 отсто од БДП за оваа намена, а оттогаш, поради преземената обврска во Алијансата, издвојувањата растат и лани достигнале 1,65 отсто од БДП.
Искажано во пари Македонија лани потрошила 154 милиони долари за воениот буџет, наспроти 101 милион во 2017 година, а оваа година сумата ќе биде дуплирана – 219 милиони долари. Според податоците пријавени во Алијансата Македонија има 6.100 војници, при што нема разлика меѓу нас и Албанија, земја членка со сличен формат.
Најмногу за одбрана издвојуваат САД (3,72 отсто од БДП), наспроти 1,55 во Германија, додека од регионот Грција е шампион во трошењето за воени цели и е меѓу земјите на врвот по издвојувања со 2,65 од БДП и армија од 100.000 војници. Буагрија, на пример има само 25.000 војници, а куриозитет е Норвешка чија армија брои 120.000, додека армијата на САД е над три милиони. (Н.В.)