Петар Колев од ГДУ: Македонија намерно ја провоцира Бугарија за да не влезе во ЕУ


Петар Колев вели дека се надева оти бугарскиот претседател Румен Радев „нема да биде излажан“ од Зоран Заев

 

Се будат бугарските филијали во Македонија. Петар Колев, лидерот на партијата Граѓанско демократска унија, во текст напишан специјално за БГНЕС тврди дека Македонија намерно и наменски бара конфликт со Бугарија – за да не стане членка на Европската унија.

„Јазикот на омраза кон Бугарите има длабоки корени: од учебниците до медиумите и политика. Македонската политичка и социјална елита должи сè на нејзината поврзаност со Белград, затоа никогаш не би прозборела за Коридорот 8. Зоран Заев не е искрен со Бугарија и се надевам дека претседателот Румен Радев не може да се излаже. Промената на ставовите кон луѓето со бугарски идентитет во РСМ ќе покаже дали Скопје навистина сака да ги реши своите проблеми со Бугарија“, се пораките што ги упати Колев за БГНЕС.

Говорот на омраза е длабоко и трајно воспоставен во реториката не само во учебниците во РС Македонија, туку и во јазикот што го користат новинари и политичари. Ова е особено видливо во темата за потеклото на Бугарите и тезата позната уште од времето на Титова Југославија дека Бугарите имаат турко-монголско и татарско потекло, што е еден од начините за манипулација во македонското општество. За разлика од бугарското општество, каде што има вистинска дебата на темата Македонија, во РСМ нема ниту „за“ или „против“ решавање на проблемот со Бугарија. Позициите се еднострани. Тезите што се лансираат во општеството се повеќе пропагандни отколку со јасна визија и желба за решавање на отворени прашања. Ова може да го утврди секој. Доволно е да гледате телевизија и од утринските емисии до вечерните блокови и дебатни студија нема позитивни и негативни страни, и сите учесници, вклучително и новинарите кои се домаќини на разговорите, имаат јасен став против Бугарија или остар и динамичен јазик на омразата кон Бугарија, пишува Колев.

Според него, Софија се предизвикува прилично намерно за да реагира и да се постигне овој конфликт и блокада. 

„РСМ намерно и наменски бара конфликт со Бугарија за да не стане членка на Европската унија. И тоа не сака да се случи, затоа што денешните македонски политичари и партиски лидери не можат да постојат во нормална, здрава и европска земја.Тие се заинтересирани само за заштита на нивните лични и економски интереси“, пишува Колев.

Според него, критиката на претседателот Стево Пендаровски за начинот на донесување на одлуките на ЕУ е скандалозна и навредлива.

„Не е правилно да ги оправдувате вашите лични политички и дипломатски неуспеси со правилата според кои постои сојуз во кој сакате да се зачлените. Како земја-кандидат, е неприфатливо да се критикува како работи ЕУ и како ги носи своите одлуки, напротив, критериумите мора да бидат исполнети доколку РСМ сака да стане членка. Фактот дека сегашните власти во Скопје не успеаја да најдат решение за прашањето со Бугарија не треба да биде оправдано со фактот дека одлуките во ЕУ се донесуваат со консензус“, пишува Колев.