Кој е новиот премиер на Австралија: борец за ЛГБТ права, како и за правото на абортус и евтаназија


 

Ентони Албанезе, идниот премир на Австралија, е прагматичен водач од работничката класа кој вети дека ќе им стави крај на поделбите во земјата.

Додека поранешниот премиер Скот Морисон се сметаше себеси за „булдожер“, Албанезе се заколна дека ќе биде „градител“, пренесе Би-би-си.

Албанезе изјави дека сака да ги обедини Австралијците.

„Сакам да ја обединам земјата“, рече Албанезе пред новинарите додека го напушташе својот дом за да присуствува на прославата на Лабуристичката партија во Сиднеј.

Албанезе стекна репутација како бранител на бесплатното здравство во Австралија, заговорник на ЛГБТ заедницата, републиканец и страствен навивач на рагби.

Албанезе (59), кој има прекар Албо, го одгледала самохрана мајка во социјален стан од инвалидска пензија.

Тој често истакнува дека неговото воспитување било основа за неговите прогресивни уверувања.

Албанезе верувал дека татко му починал пред неговото раѓање, но како тинејџер дознал дека ндеговата мајка всушност останала трудна со женет човек, кој многу веројатно уште е жив.

Три децении подоцна му влегол во трагата на Карло Албанезе и отижол во Италија прв пат да се сретне со него и со полубраќата и полусестрите.

Албанезе зборувал дека неговата мајка, Меиен Елери, била одлучна да му обезбеди прилики кои таа никогаш не ги имала.

Со нејзина поддршка, станал прв во семејството кој завршил школување и отишол на факултет.

Студирал економија и се вклучил во студентската политика.

Со само 12 години учествувал во организирање на протести на потстанарите, за да спречи инвеститорите да го продадат станбениот објект во кој живеел со мајка му, кој бил во сопственост на државата.

Истакнува дека стварањето подобар свет за неговиот син Нејтан е она што го инспирира во јавниот живот.

Албанезе во 2019 година се развел од сопругата со која поминал 19 години, но партнерката Џоди Хејдон му се придужила во предизборната кампања.

Во парламентот влегува за прв пат во 1996 година, пренесе Ројтерс.

По поразот во 2010 година, лабуристите успеаја да оформат малцинска влада, а парламентот работеше изненадувачки ефикасно кога станува збор за носење закони, а го предводеше токму Албанезе.

Тој е републиканец и се залага за промена на сегашниот статус на Австралија како уставна монархија.

Се залага за правото на абортус, наведувајќи дека жените имаат прво на избор , а смета дека треба да биде легализирано и правото на евтаназија.