„Кралеви на дивидендите“: Кои компании им исплаќаат најмногу на акционерите

Според веб-страницата Интерактив инвестор (Interactive Investor), компанијата која исплатила најголем износ на дивиденди на акционерите во 2020 година е „Мајкрософт“ (Microsoft). Технолошкиот гигант им исплати на акционерите вкупно 16,521 милијарди долари.
Она што е интересно е дека само две компании надвор од САД се меѓу десетте најголеми.
Мајкрософт
„Мајкрософт“ развива, лиценцира и одржува софтвер, услуги, уреди и софтверски решенија ширум светот.
Минатата година на акционерите им исплати 16,521 милијарди долари дивиденда, а 19 години по ред успеваат да го зголемат овој вид на исплата. Во последната деценија „Мајкрософт“ успеа да ги зголеми дивидендите со годишна стапка од 14,28 проценти.
АТиТ
Компанијата обезбедува телекомуникациски, медиумски и технолошки услуги ширум светот.
Компанијата исплати 14,956 милијарди долари дивиденда на акционерите минатата година. Оваа сума најверојатно ќе се намали во 2022 година, бидејќи компанијата планира да ги намали дивидендите преку обид да стане чисто телекомуникациска компанија преку одредени продажби и преземања на средства.
AT&T е една од оние компании кои се нарекуваат и „дивидендни аристократи“, која успева да ги зголеми дивидендите 36 години по ред, по годишна стапка од 2,16 проценти во последната деценија.
Ексон Мобил
Тие истражуваат и произведуваат сурова нафта и природен гас во САД и на меѓународно ниво. Компанијата исплати 14,865 милијарди долари дивиденда на акционерите.
Exxon Mobil ги зголемува дивидендите веќе 38 години по ред, со годишна стапка од 7,18 проценти во изминатата деценија.
Епл
„Епл“ (Apple ) дизајнира, произведува и продава паметни телефони, персонални компјутери, таблети ширум светот и продава различни поврзани услуги.
Компанијата исплати дивиденда на акционерите во износ од 14,081 милијарди долари во 2020 година.
„Епл“ успеа да ги зголеми дивидендите 9 години по ред, со годишна стапка од 9,7 проценти во последните пет години.
ЏП Морган Чејс
Работи како компанија за финансиски услуги ширум светот во четири сегменти: банкарство за потрошувачи и заедници (CCB), корпоративна инвестициска банка (CIB), комерцијално банкарство (CB) и управување со средства и богатство (AVM).
Компанијата исплати 12,69 милијарди долари дивиденда на акционерите минатата година.
JPMorgan Chase остварува профит и успева да ги зголеми дивидендите 11 години по ред, со годишна стапка од 33,51 отсто во последната деценија.
Чајна констракшн бенк
China Construction Bank обезбедува различни банкарски и сродни финансиски услуги за поединци и корпоративни клиенти во Кина и на меѓународно ниво. Работи преку корпоративно банкарство, лично банкарство, трезорско работење и многу повеќе.
Банката на Кина исплати 13,196 милијарди долари дивиденда на акционерите за 2020 година.
Џонсон и Џонсон
„ Џонсон и Џонсон “ (Johnson & Johnson) истражуваат и развиваат, произведуваат и продаваат низа здравствени производи ширум светот.
Компанијата исплати 10,481 милијарди долари дивиденда на акционерите минатата година.
Џонсон и Џонсон е „кралот на дивидендите“ кој 59 години по ред успева да ги зголеми дивидендите, со годишна стапка од 6,55 проценти во последната деценија.
Веризон
На потрошувачите, бизнисите и владините организации ширум светот им нуди производи и услуги за комуникација, технологија, информации и забава.
Компанијата исплати 10,232 милијарди долари дивиденда на акционерите во 2020 година.
„Веризон“ (Verizon) успеа да ги зголеми дивидендите 16 години по ред, со годишна стапка од 2,60 проценти во последната деценија.
Шеврон
Се занимава со интегрирани енергетски, хемиски и нафтени операции ширум светот.
Компанијата исплати дивиденда на акционерите во износ од 9.651 милијарда долари во 2020 година.
Шеврон (Chevron) успеа да ја зголемува дивидендата 34 години по ред, со годишна стапка од 6,21 отсто во последната деценија.
Тајван Семикондактор мануфекчринг
Компанијата Taiwan Semiconductor Manufacturing произведува и продава интегрирани кола и полупроводници.
Таа им исплати дивиденда на акционерите во износ од 9,222 милијарди долари за 2020 година, пренесува Бонитет.