Кога си вљубеник во „бе-ем-ве“, па мора да имаш и соодветна камп-куќичка


 

Полицијата сопрела возач со необична приколка, но по проверката го пуштиле да продолжи.

Оваа оригинална камп-приколка, која полицијата ја сопрела во германскиот град хаген, се состои од два заварени задни дела на „бе-ем-ве“ серија 3 туринг (легендарната серија Е30).

За сѐ стилски да биде дотерано и возилото кое ја влече приколката исто така е бе-ем-ве и тоа ист модел. Дури и бојата е иста.

„Детално го прегледавме возилото и сѐ беше во ред“, објави полицијата на својот Фејсбук профил.

На возачот и на сопатниците полициските службеници им посакале среќен пат и пријатен одмор затоа што камп-куќичката со кревет ги имала сите потребни документи, односно поминала на технички преглед.