Ко-основачот на Твитер Џек Дорси регира на новите ограничувања
Ко-основачот на Твитер, Џек Дорси реагираше јавно откако сопственикот на социјалната мрежа, Илон Маск, го ограничи бројот на твитови кои корисниците можат да ги видат во текот на еден ден.
„Тешко е да се води Твитер. Никому не му го посакувам тој стрес. Верувам дека тимот дава сè од себе знаејќи ги ограничувањата што ги имаат, кои се огромни“, напиша Дорси на Твитер. „Лесно е да се критикуваат одлуките од далеку… за што сум и јас виновен… но знам дека целта е да се види како Твитер напредува. Тоа ќе се случи“, додава тој.
Во вториот твит, тој напиша: „И се надевам дека ќе размислат за изградба на отворени протоколи навистина отпорни на цензура како биткоин и ностр за да помогнат во олеснување на тој товар. Добро за сите и критично за зачувување на отворениот интернет“.
Маск исто така преку твитер објави дека ограничувањата се поставени „за да се решат екстремните нивоа на прибирање податоци и манипулација со системот“. Најпрво тој напиша дека на корисниците кои се „верификувани“ и плаќаат месечна претплата ќе им биде дозволено да видат 6.000 објави дневно, додека „неверификуваните“ корисници ќе бидат ограничени на 600 објави дневно, а новите непроверени корисници на 300 на ден. Подоцна во текот на денот, Маск најпрво го намали ограничувањето на 8.000 објави за верификуваните, 800 за неверификуваните и 400 за новите. За на крај да објави уште еден, трет твит во кој ограничувањето уште еднаш го намали на 10 илјади за верификувани корисници, илјада за неверификувани и 500 за нови корисници.