Летниот одмор не може да се замисли без добра книга. Книгите се одлична придружба во летните денови, поминати под сенката на плажа, во ладовина на планина или за време на долгите патувања. Разладете се овие жешки денови со книжевното освежување од „Арс Ламина“. Во топ 10 листата со наслови, што ги препорачуваме за ова лето, се: новата романса „Само ова лето“ од Аби Хименез, „Се гледаме во август“ од легендарниот писател Габриел Гарсија Маркес, новиот возбудлив трилер „Семејни тајни“ од Лијан Моријарти, мотивациската книга „Како да правите ништо“ од Џени Одел, како и романите „Едно лето во Италија“ од Ребека Серл, „Кери Сото се врати“ и „Малибу во пламен“ од Тејлор Џенкинс Рејд, „Списокот за читање“ од Сара Ниша Адамс и други.
Станува збор за свеж литературен бран со светски бестселери, кои на македонски јазик се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
|