Книжевна вечер со Румена Бужаровска во Куманово
– Румена Бужаровска е авторка која оди отаде границите, стегите и воспоставените стандардизирани шаблони во книжевноста и воопшто. Го трасира патот по кој ќе тргнат многу млади книжевни автори, најпрвин скицирајќи го одмерено, поплочувајќи го со голема доза на професионализам, но и интригантност. „ПичПрич“ се женски приказни со кои јавно, нашироко се дебатира на голема сцена, пишуваат од НУЦК „Трајко Прокопиев“ од каде ги поканија кумановци да го проследат настанот.
Бужаровска родена е 1981 година во Скопје, дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје. Авторка е на „Чкртки“, „Осмица‘, „Мојот маж“, „Не одам никаде“ и студијата „За смешното: теориите на хуморот низ призма на расказот. Модератор на настанот е Ирена Цветковиќ, а музички гостин е Јован Цветковиќ.
Настанот е дел од проектот годишна литературна програма за 2022 година, поддржана од Министерство за култура.