Клиниката за детски болести обезбеди нови BiPAP апарати за неинвазивна вентилација


Универзитетската клиника за детски болести објави дека обезбедила нови BiPAP апарати за неинвазивна вентилација.

Апаратите се неопходни за пациентите со невромускулни и други заболувања, стои во објавата на фејбук профилот на Клиниката.

Инаку, BiPAP апаратите за неинвазивна вентилација испорачуваат воздух под два различни притисока: висок притисок при вдишување (IPAP) и низок притисок при издишување (EPAP).