Ќерката на Ванѓел Таво, поранешeн министер во Албанија, загина во сообраќајка кај Ласкарци
Ева Таво, ќерка на Ванѓел Таво, поранешен пратеник и поранешен министер за здравство во Албанија, е загинатата девојка во несреќата на патот Тетово-Скопје. Веста на социјалните мрежи ја потврди и самиот Таво. Таво вели дека „ова се најтешките зборови што ги напишал во животот“.
„Ова се најтешките зборови што сум ги напишал во животот. Мојата најстара ќерка Ева почина во цутот на младоста, во најубавата возраст, каква што беше и самата. Погребот ќе се изврши во четврток на 30 ноември во 11 часот во Јоргукат, Ѓирокастро“, напиша Ванѓел Таво.
Веста ја потврдија и од МВР. Несреќата се случила во реонот на селото Ласкарце.