Ќе никнат ли ветерници во Осоговието?

Градоначалникот на Општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, оствари средба со менаџментот на компанијата „Вентус”, потенцијален инвеститор за изградба на ветерници на Козјачко-Осоговскиот Планински масив.
-Според она што е договорено, во почетокот на 2021 година е планирано поставување на две мерни станици и тоа, една на локалитетот Биљино и една на Осоговието, преку кои ќе се добијат првите валидни параметри. Во втората фаза, со помош на странски стратешки партнер од Германија, предвидена е изградба на 66 ветерници, информира градоначалникот Мицевски.
Посочи дека ваквите инвестиции и искористувањето на сончевата и енергијата на водата и ветерот се основни потенцијали за економски раст и развој на државата.