„Кинеското мини“ од Алибаба чини само 3.000 евра, дали би го возеле? (фото)
Откако оригиналниот модел беше претставен во летото 1959 година, Mini стана икона на светската автомобилска индустрија.
Сепак, додека најновите верзии на Mini продолжуваат да ги поставуваат стандардите во својата класа, повеќето возачи сметаат дека овој иконски автомобил стана прескап и жалат за деновите кога беше еден од најприфатливите модели на пазарот.
Ако сте љубител на Mini, но немате доволно пари да купите, не очајувајте – постои многу поприфатлива алтернатива која сепак бара „мал компромис“.
Овој Mini воопшто не е британски, тој е кинески, а не е ниту вистински Mini – достапен е на Alibaba за само 3077 евра!
Shandong Keyu TC-T е електричен микроавтомобил со 5 врати и споделува многу визуелни карактеристики со оригиналниот Mini, како што се препознатливите тркалезни фарови.
Слично на оригиналниот Mini Cooper, на клиентите им се достапни широк спектар на бои, вклучувајќи модели со двобојна каросерија.
И покрај тоа, ниската цена значи дека има ограничена количина на стандардна опрема. Сепак, Шандонг Кеју вели дека моделот доаѓа со електрични предни прозорци, централна брава и LCD екран.
Колку пари, толку музика
Сепак, во споредба со неодамна претставениот Mini Cooper Electric, кинескиот EV има голем хендикеп.
За погон користи електричен мотор од само 3,5 kW, што на автомобилот му обезбедува перформанси слични на новиот Citroen Ama.
Максималната брзина на моделот е ограничена на само 45 km/h, а максималниот опсег е помеѓу 80 и 100 километри.