Кина создава своја дигитална валута


Народна банка на Кина (ПБОЦ) набрзо ќе издаде сопствена дигитална валута, изјави заменик директорот на одделението за плаќање Му Чангчум.

Кинеската дигитална валута ќе биде именувана како „ЧајнаКоин“ (ChinaCoin) и нема да биде класична криптовалута.

Му наведе дека истражувачи на банката на кинеската државна дигитална валута работеле повеќе од една година, но тој не наведе кога ќе биде пуштена во промет „ЧајнаКоин“.

Кинеската дигитална валута ќе биде под контрола на државата и ќе се придржува до кинеските прописи за измама и перење на пари, а ќе се заснова на „двостепен“ систем, при што Централната банка ќе биде во партнерство со некоја друга кинеска финансиска институција при надзорот и утврдувањето на вредноста.