Кина апелира на итен прекин на огнот во Иран


Министерството за надворешни работи на Кина денеска упати апел за итен прекин на огнот на Блиски Исток и што е можно побрзо да се почне дијалог.

Апелот уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани.

Портпаролот на кинеското МНР, Лин Џиан наведе дека Пекинг се залага за прекин на непријателствата и што е можно побрзо враќање на мирот и дијалогот.