Киднапирана колумбиска спортска ѕвезда, му украле и 750.000 евра
Колумбиската велосипедска ѕвезда Мигел Анхел Лопез (29) бил киднапиран и му биле украдени 750.000 евра, пишува Daily Mail.
Лопез моментално е под суспензија поради потенцијално прекршување на анти-допинг, што тој го негира, а сега го држат киднапери на фармата што ја поседува. Освен пари, киднаперите му го украле и автомобилот и мобилниот телефон.
Откако бил пуштен, Лопез отишол во најблиската полициска станица и го пријавил инцидентот што се случил во четвртокот.
Cycling star Miguel Angel Lopez is 'KIDNAPPED in Colombia as robbers steal £653,000 https://t.co/gQuhQG74qQ pic.twitter.com/BzinnX56ES
— Mail Sport (@MailSport) September 23, 2023
„Го киднапираа и му го украдоа пикапот „Форд“, мобилен телефон и 750.000 евра. Околу 22 часот и 30 минути Лопез се приближил до полициската станица во Согамосо и поднел пријава“, изјави полковникот Марија Маргарита Мантила.
Лопез возеше за Мовистар, Астана и Меделин пред неговата кариера да биде ставена во мирување поради гореспоменатото можно прекршување на анти-допинг правилата, а неговата привремена суспензија беше објавена ова лето.