Кичево една од потенцијалните локации за развој на мултимодален транспортен јазол 


Фото: Б. Грданоски

 

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески заедно со градоначалникот на општина Кичево д-р Александар Јовановски и членови на Управниот одбор на СКСМ, ќе учествуваат на седницата на Регионалната комора со седиште во Кичево, што ќе се одржи денеска, во хотел Атва Резиденс, с.Добреноец, Кичево.

На седницата на која ќе присуствуваат и раководствата на регионалните комори со седиште во Битола, Охрид и Прилеп, ќе се разговара за актуелните економски состојби во регионот, инфраструктурните приоритети, поддршката на локалните компании и можностите за заеднички иницијативи меѓу бизнис-заедницата и локалната самоуправа.

Имајќи предвид дека Кичево претставува крајна точка на железничката линија (во западниот дел), токму тука може да се развие мултимодален транспортен јазол што може да служи како транзитен центар каде што товарот што доаѓа со железница би можел да се пренесе со камиони за понатамошен транспорт (на пример, кон албанската страна или пристаништето Драч.)