Османи го враќа Керим на голема врата во Македонија
„’Рефлексија 2030′ предвидува активен и широк општествен консултативен процес што се темели врз три основни столба: формирање Стратешки совет на МНР, одржување на ад хок тематски конференции и серија панели со интересни групи со цел зајакнување на линкот со јавноста и граѓанскиот сегмент на општеството“, се наведува во соопштението од МНР.
На состанокот денеска се разгледаа насоките и се разменија мислења околу процесите на развивање на десетгодишна стратегија за надворешна политика на Македонија.
„Основната цел на овој стратешки документ е навраќање на веќе етаблираните надворешно-политички принципи и вредности, но истовремено и утврдување на приоритетните насоки на делување на надворешно-политички план и зајакнување на позицијата на Република Северна Македонија како одговорен и активен чинител во меѓународните односи“, порачуваат од МНР во соопштението.
Министерот Османи изјави дека оваа функција е неплатена и волонтерска, но и без тоа Керим се рехабилитира политички и му се дава статус иако остана запаметен по себепромоција, перење пари, уништување на водечките македонски медиуми и луксузирање на сметка на Македонија.
-Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи.Се работи за квалитетни луѓе, добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став, рече министерот Османи на прес-конференцијата по одржување на конститутивната средба.
Керим сепак не беше присутен на конститутивниот состанок што се одржа денес, а малку е веројатно и дека ќе биде присутен во иднина бидејќи заради иостргата се исели од Македонија па совети најверојатно ќе дава по телефон или онлајн.
Не е јасно исто така кој беше „квалитетот“ што пресуди во ова тело да се најде и Валентина Божиновска, аматер во оваа сфера и поконтроверзно име и од тоа на Керим. По парламентарните избори на 11 декември 2016, како тогашна директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, на протестите пред Државната изборна комисија (ДИК) кои тогаш ги организираше ВМРО-ДПМНЕ, во говор рече дека собирот пред ДИК е „вечер на ножевите“.
-Да ги поздравам бранителите, оваа вечер е вечер на ножевите, оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек. На последниот македонски предавник Зоран Заев. Ќе се случи еден ден во кој ќе кажеме ’елате браќа и сестри да се собереме и да тргнеме, да видиме кој ќе ни биде цар, а кој шпион, рече тогаш Божиновска. (Н.В.)