Казнети 40 мотоциклисти, задржани 13 мотори
Во периодот од 19.30 во четвртокот до 1 по полноќ Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли.
При контролата, соопшти денеска МВР, откриени се 40 возачи на мотоцикли кои сториле прекршоци, за што им се издадени исто толку прекршочни платни налози.
Покрај тоа, се посочува во соопштението, поради основи на сомнение за техничка неисправност (создавање бучава) одземени и задржани се 13 мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност.
Откриени се и 43 останати прекршоци за што се издадени 19 мандатни платни налози и 24 прекшочни платни налози.
Од почетокот на годинава, до крајот на август на територијата на Скопје санкционирани се 1.111 мотоциклисти.
Министерството за внатрешни работи и во наредните денови ќе продолжи со зајакнати акциски контроли со цел санкционирање на прекршителите на законите.