Кавадарци ќе добие дом за стари лица


 Кавадарци ќе добие дом за стари лица. Наскоро се очекува да започне неговата изградба.  

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев најави дека нема пречки за изградбата на домот за стари лица и се очекува да биде со сите стандарди

– Пречки нема. Имаше усогласување во делот со претходната гарнинтура на Министерството, го ставивме заеднички, односно го ставија во Програма на наша иницијатива дека ќе се отпочне во 25-та да се граде домот, со средства во 10 отсто од вкупната сума, затоа што немаше одреден претходно буџет. Се ребалансира 24-та према 25-та 157 милиона денари со ревидирање на пресметките, со стандарди на домот и со сите други пропратни елементи коишто треба  да ги содржи домот, појасни градоначалникот. 

Тој подвлеле дека седствата се одвоени, ставени во буџет.

– Не подоцна од крај на јуни ќе ставиме камен темелник или некаде средина на јули, на самиот дом за стари лица, рече Јанчев.