Кавадарчанка пронајдена почината, имала повреди по телото


Фото: Б. Грданоски

Кавадарчанка била пронајдена почината со повреди по телото. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Како што појаснуваат, синоќа во 23:40 часот во СВР-Велес – ОВР-Кавадарци, кавадарчанката Д.Т. пријавила дека во станот каде што живее во градот, ја пронашла почината со повреди по телото нејзината мајка С.С.С., на возраст од 52 години.

Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт. Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР – Кавадарци и јавен обвинител од ОЈО – Кавадарци, по чија наредба, телото било дадено на обдукција.