Кавадарчанка пријавила физички напад од сограѓанка на фудбалско игралиште


Кавадарчанка пријавила физички напад од сограѓанка на фудбалско игралиште, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

– Вчера во 15:54 часот во ОВР Кавадарци, Б.Ш.(19) од Кавадарци пријавила дека на фудбалското игралиште во село Ваташа, кавадаречко, била физички нападната од 29-годишната Н.П. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес.