За гаснење на Tesla Model S пожарникари потрошиле 45.425 литри вода


Откако во Пенсилванија на автопат се запалил електричен Tesla Model S, пожарникарите морале да употребат огромна количина вода за да го изгаснат пожарот. Инцидентот се случил во централна Пенсилванија откако долниот дел на автомобилот удрил во нешто на автопатот. Откако се појавил чад, возачот го запрел возилото и со другите двајца патници од автомобилот излегол […]

Капсулата Орион на НАСА стигна до Месечината и направи прекрасна фотографија


  Леталото Орион на НАСА, во понеделникот стигна до Месечината, откако прелета 130 км над Месечевата површина и сега ќе почне да влегува во пошироката орбита. Капсулата, во која место посада има три кукли со сензори за мерење вибрации, космичко зрачење и останатите услови во вселената, а на Месечината ѝ пријде од темната страна која […]

ЕУ покренува сателитски интернет систем вреден шест милијарди евра


  Европската Унија постигна договор за создавање сопствен сателитски интернет систем, вреден шест милијарди евра. Претставници на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет постигнаа договор за иницијативата што Европската комисија ја објави уште во февруари. Овој потег на ЕУ доаѓа во услови на зголемена загриженост околу рускиот и кинескиот воен напредок во вселената и зголеменото […]

Телескопот „Џејмс Веб“ откри величенствени снимки на прашина околу млада ѕвезда


  Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ вчера откри нови величенствени снимки од голем облак прашина во облик на песочен часовник околу ѕвезда во насанување. Се работи за многу млада ѕвезда Досега невидливи, тие облаци во портокалова и сина боја станаа видливи благодарение на инфрацрвената камера NIRCam.Многу млада ѕвезда, позната под називот „протоѕвезда L1527″, се наоѓа во […]

Зошто во авион смееме да носиме течности само во пакувања од 100 милилитри?


Ограничувањето на течностите што можете да ги внесете во авион беше воведено во 2006 година, откако британската полиција откри терористички заговор кој вклучуваше активирање течни експлозиви. Регулативата која дозволува внесување на само 100 мл течности, гелови и аеросоли беше воведена во 2006 година, откако британската полиција откри терористички заговор за активирање течен експлозив во седум […]

„Нетфликс“ овозможи отстранување на несаканите уреди од корисничките профили


Стриминг платформата „Нетфликс“ им овозможи на своите корисници да ги отстранат несаканите поврзани уреди од нивните профили. Новата опција моментално е достапна главно на iOS и Android уредите, а корисниците сега преку своите профили можат да видат кои уреди користат „Нетфликс“ и да видат дали има неправилности. Доколку сакаат, корисниците можат да отстранат одреден уред […]

Најголемата санта мраз, оди кон Екваторот


Според НАСА, најголемата санта мраз на светот, А-76А навлезе во преминот Дрејк – воден пат познат по брзите океански струи кај Антарктикот, кои може да го испратат леденото парче кон север – до неговото конечно топење. Ледениот брег, имено, е двојно поголем од Лондон. Тој е најголем на планетава и наскоро би можел да се […]

Дождот како можна заштита на градот од недостиг на вода


Дождот може да стане клучен природен извор за заштита на градовите од можен недостиг на вода. Холандската компанија „Вејвин“ (Wavin) веќе работи на тоа, па директорот Фрисо Клапвијк објасни за што се работи. – Единственото нешто што го правиме кога ќе почне да врне е отворање чадор, а дома ја пренасочуваме водата да тече во […]

„Невера“ на Римац е најбрз електричен автомобил на светот


„Невера“ им се испорачува на купувачите со најголема брзина од 350 километри на час. „Римац Невера“ развила брзина од 412 километри на час, што го прави овој модел најбрз електричен сериски автомобил на светот, пренесува „Аутоблог“. Како што објаснуваат од компанијата, посебно барале патека со овален облик со доволно долги рамнини за да и овозможи […]

ТикТок „падна“ низ светот


Услугите на социјалната мрежа ТикТок попладнево се недостапни за корисници ширум светот, објавија светските медиуми. Падот на апликацијата се случил околу 16 часот денеска по наше време. ТикТок се соочува со сериозни технички проблеми по вторпат во последниот месец. Апликацијата, која е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, на почетокот на овој месец беше недостапна […]

(Видео) Ракетата на НАСА полета кон Месечината


Новата пробна ракета на американската вселенска агенција НАСА полета рано изутринава со три кукли во мисија околу Месечината, што по 50 години и завршување на програмата „Аполо“ е првпат да планира да постави празна капсула во орбитата на Месечината, пренесе Бета. Доколку сè биде во ред за време на тринеделниот пробен лет, ракетата ќе ја […]

Во Канада пронајдена англиска паричка искована 70 години пред откривањето на Америка


  Откритието на златната паричка на јужниот брег на Њуфаундленд во Канада може да ги доведе до историскиот наратив за првиот европски контакт во регионот, затоа што претходи на доаѓањето на истражувачот Џон Кабот на островот најмалку 70 години. Во соопштението за јавност минатата недела, Владата на Њуфаундленд и Лабрадор рече дека англиската паричка во […]

(Видео) Уред произведува струја од влажноста на воздухот


Група истражувачи од Националниот универзитет на Сингапур создале уред кој произведува електрична енергија од влажноста на воздухот, пишува Факултети.мк. Новиот уред содржи само морска сол, јаглеродно мастило и специјален гел што апсорбира вода. Уредот произведува електрична енергија кога јоните во морската сол се одвојуваат при апсорпцијата на водата, предизвикувајќи промени во површината и создавајќи електрично […]

Ракетата на НАСА треба утре да полета кон Месечината


Мисијата на НАСА на Месечината изминатиот период беше соочена со бројни проблеми што го одложија полетувањето, а сега лансирањето на „Артемис 1“ е закажано за утре, јавија дел од светските медиуми. Лансирањето се одложуваше поради проблеми со моторот, истекување на гориво, како и двата урагана што ја погодија Флорида. Опишана како најсилна и најсложена ракета […]

Генетски модифицирано растение ја врши работата на 30 прочистувачи на воздух


Француски стартап наречен Neoplants генетски модифицираше растение за да може да заврши работа заменувајќи 30 прочистувачи на воздух. Neoplants генетски го модифицирале растението Epipremnum aureum, или златен ползавец или ѓаволски бршлен, како и неговиот коренски микробиом за да го создадат Neo P1, моќен прочистувач на воздухот. Сега оваа супер ефикасна билка се појави на пазарот […]

Илон Маск на Г20 како Волшебникот од Оз: Вонземјани, длабоки тунели, транспорт на ракети


  Седејќи во мракот, облечен во традиционална индонезиска батик кошула и опкружен со свеќи, Илон Маск понуди визија за иднината која вклучува вонземјани, длабоки тунели и ракетен транспорт. Сопственикот на Твитер преку видео врска разговарал со бизнис лидерите на Бали на маргините на самитот на Г20, а само лицето и рацете можеле да му се […]

Вселенскиот авион „X-37B“ се врати на Земјата по рекордни 908 дена во вселената


Вселенскиот авион на Американските вселенски сили, „X-37B“ се врати на Земјата откако мина рекордни 908 дена во орбитата. Леталото слета во вселенскиот центар „Кенеди“ викендов, со што успешно ја заврши својата шеста мисија. Американската вселенска агенција НАСА не открива подробности за тоа што всушност, во вселената, прави вселенскиот авион на „Боинг“. Потврдено е само дека […]

Хаос на Твитер по воведувањето на „сината штикла“


Бранот нови платени таканаречени „blue tick” или (сина штикла) профили кои лажно се претставуваат како влијателни поединци и брендови доведе до сеопшт хаос на Твитер. Тие лажни „проверени“ налози (сината штикла означува дека налогот е проверен) со имиња на политичари, славни сличности, големи организации и компании, почнаа да се појавуваат на оваа социјална мрежа во […]

НАСА повторно ја одложи „Артемис 1“, поради бурата Никол


Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА е принудена повторно да ја одложи мисијата „Артемис 1“, овојпат поради тропската бура Никол што се приближува до Флорида. „Промената на датумот на лансирање ќе ѝ овозможи на нашата работна сила да се грижи за своите семејства и домови и да се врати по бурата, за повторно да се […]

„Ауди“ го претстави Q8 E-Tron, електричен SUV со 496 КС


„Ауди“ Q8 E-Tron е новото име за подобрениот E-Tron, а променетото име им овозможува на купувачите да разберат дека се работи за flagship електричен SUV од германскиот бренд. Новиот модел доаѓа во стандардна „кутиеста“ каросерија и како „заоблен“ Sportback. Q8 E-Tron го одликува подобрениот дизајн кој вклучува нов „нос“, предната решетка сега има самозатворувачки систем, […]