Роверот „Презерванс“ на Марс сними звук на „песочен ѓавол“


 

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека нејзиниот ровер „Презерванс“ прв пат на марс снимил звук на „песочен ѓавол“.

Клипот не само што го донесува звукот на вонземскиот вртлог, туку и помага на научниците подобро да разберат како прашината може да влијае на идните мисии на марс.

Микрофоните на роверот го забележаа звукот на „прашинскиот ѓавол“ на 27 сеоптември 2021 година, кој за просечно уво звучи како кога микрофонот ќе го фати звукот на ветрот на земјата, но научниците научиле многу од тоа.

„Додека прашинскиот ѓавол поминуваше на „Презерванс“ можевме да слушнеме индивидуален удар на честичките. Дури можевме и да ги преброиме“, вели Наоми Мардок, планетарна научничка и авторка на новиот извештај.

Прашината е значителен фактор во планирањето нови мисии на Марс затоа што таа може да предивика ерозија на топлотните штитови на леталото, да ги уништи научните инструменти, да ги ониеспособи падобраните и да ги прекрие соларните панели.

Научниците проценуваат дека вртлогот бил широк 25 и висок 118 метри, а иако тоа звучи застрашувачки, се работи за релативно мала бура која не го оштетила роверот. Како што може да се слушне, клипот вклучува и пауза во турбуленцијата додека „окото“ на прашинскиот ѓавол се наоѓа над роверот.

„Презерванс“ направи и фотографија од бурата која поминува. Научниците мораа да ги координираат своите инструменти за да ги зголемат шансите за снимање на бурата. Роверот снима само звучни исечоци кои трааат помалку од три минути и тоа само осум пати месечно. Тоа значи дека научниците го темпираат времето кога се очекуваат прашински ѓаволи, а исто така ги насочуваат камерите во правец од кој најверојатно ќе се приближи. Во овој случај подготовката со малку среќа, се исплатила.

Роверот „Презерванс“ лансиран е на 30 јули 2020 година,а на Марс стигна на 18 февруари 2021 година.НАСА го користи за истражување на кратерот Езеро, и за потрага по знаци од праисториски микробски живот во рамки на мисијата Марс 2020.