„Фолксваген“ претстави освежено издание на еден од своите најдобро продавани автомобили


Четири години по својата премиера, најмалиот Volkswagen чие име започнува со буквата Т помина низ освежувачки третман, со кој без сомнение треба да остане меѓу најпродаваните кросовери во Б сегментот. „Подигнатото Polo“ на Volkswagen што беше претставено пред четири години се крие зад името T-Cross и досега го најде својот пат до 1,2 милиони клиенти. […]

Инстаграм ривалот на Твитер утре пристигнува во Македонија, но не и во ЕУ


Ривалот на Твитер создаден од компанијата „Мета“ и наречен „Threads“ утре нема да стане достапен во земјите од Европската Унија поради несигурноста околу користењето на личните податоци од страна на платформата. „Гардијан“ пишува дека извори на „Мета“ посочиле оти причина за одложувањето на лансирањето во ЕУ се европските регулативи и бројните судири меѓу технолошката компанија и претставници […]

Полицијата користи роботакси за решавање на случаите


Со сета моќ на камерата, полицијата доби дополнителни погледи на патиштата каде што се користи роботакси, односно услуга на платен превоз со самоуправувачки возила. Овие возила имаат серија камери со кои ја следат околината и на крајот делуваат како динамични камери за надзор. Полицијата се повеќе се обраќа кон овие фирми за да поседува снимки […]

Еден од најмодерните метро возови во светот беше пуштен во употреба во Виена


Австрискиот главен град го доби првиот автоматизиран воз на метрото од новата генерација. Во текот на летото ќе бидат пуштени во употреба и други возови од овој тип. Првиот воз X беше пуштен во употреба по опсежни тестови и успешно одобрување на метро линијата U3. Има модерен внатрешен дизајн и иновативни дигитални информации за патниците, […]

SpaceX лансираше европски телескоп за мапирање на „темната“ вселена


Во текот на викендот, SpaceX лансираше телескоп за Европската вселенска агенција (ESA) од Кејп Канаверал во Флорида со помош на ракета Falcon 9. Станува збор за NIR (инфрацрвен) телескоп наречен Евклид, именуван по грчкиот математичар, кој се смета за „татко на геометријата“. Овој телескоп ќе проучува како темната материја и темната енергија го обликуваат универзумот. […]

Калифорнија користи дронови за борба против комарците


Во обид да се справат со растечката популација на комарци и да го спречат ширењето на болеста во Јужна Калифорнија, властите почнаа да користат нов метод, беспилотни летала „вооружени“ со топчиња со спори на бактерии. Станува збор за високотехнолошки беспилотни летала кои ја револуционизираат контролата на комарците насочувајќи го нивниот развој во мочуриштата, големите езерца […]

Ко-основачот на Твитер Џек Дорси регира на новите ограничувања


Ко-основачот на Твитер, Џек Дорси реагираше јавно откако сопственикот на социјалната мрежа, Илон Маск, го ограничи бројот на твитови кои корисниците можат да ги видат во текот на еден ден. „Тешко е да се води Твитер. Никому не му го посакувам тој стрес. Верувам дека тимот дава сè од себе знаејќи ги ограничувањата што ги […]

Форензичари ги испитуваат деловите од „Титан“


САД- Делови од „Титан“ пронајдени во водите на Северниот Атлантски Океан кај Њуфаундленд се префрлени во форензичка лабораторија со цел експертите да се обидат да го потврдат идентитетот на жртвите, но и да утврдат каде настанал проблемот во подморницата што доведе до катастрофална експлозија на 18 јуни во близина на потонатиот брод „Титаник“. Потсетуваме дека […]

„Вирџин Галактик“: Лет до работ на вселената за 450.000 долари


Сер Ричард Бренсон официјално влезе во трката за милијардери во вселенски туризам овој четврток кога неговиот ракетен авион Virgin Galactic, Unity, полета од пистата во Ново Мексико и достигна височина од 15.000 метри. Двајца полковници на италијанските воздухопловни сили и еден аеронаутички инженер од Националниот совет за истражување на Италија им се придружија на инструкторот […]

Твитер го ограничи дневниот број на твитови што може да се читаат


Tвитер воведе привремено ограничување на бројот на твитови кои корисниците можат да ги читаат во еден ден, изјави извршниот директор на компанијата Илон Маск.   Во твитот, Маск рече дека непроверените профили можат да читаат до 600 објави дневно. Во меѓувреме, проверените профили се привремено ограничени на читање на 6.000 објави дневно.   Маска кажа […]

Отворен новиот роботизиран телескоп на Националната астрономска опсерваторија „Рожен“


Софија – Нов роботизиран телескоп на Институтот за астрономија – БАН на територијата на Националната астрономска опсерваторија „Рожен“ денеска беше отворен. На настанот присуствуваа премиерот академик Николај Денков, министерот за образование и наука проф. Галин Цоков, претседателот на БАН академик Јулијан Ревалски, проф. Евгени Семков, директор на Институтот за астрономија, регионалниот гувернер на Смољан Стефан […]

KKCG најавува два главни бренда – Qinshift (Киншифт), технолошка компанија за развој на софтвер, и Арикома, провајдер на целосни ИКТ услуги


 ИТ холдинг-компанијата Арикома, која е дел од KKCG групацијата, објавува дека ќе работи под два главни бренда за да ја утврди својата позиција како меѓународен лидер во областа на информатичката технологија (ИТ). Компаниите кои се фокусирани на развој на наменски софтвер ќе работат под брендот Qinshift, а останатите компании од групацијата ќе го усвојат брендот […]

Мета им даде на родителите поголема контрола врз децата кои користат Messenger


Компанијата Мета додаде нови алатки во својот семеен центар кои ќе им овозможат на родителите да гледаат и контролираат како нивните деца ја користат апликацијата Messenger. Родителите ќе можат да видат колку време нивното дете ја користи апликацијата, како и нивните поставки за приватност и безбедност. Исто така, родителите и старателите ќе можат да видат […]

НАСА претвора 98 отсто од урината и потта на МВС во вода за пиење


Американската вселенска агенција НАСА достигна технолошка пресвртница која еден ден би можела да игра важна улога во мисиите на Месечината и пошироко. НАСА откри дека системот за контрола на животната средина и поддршка на животот ECLSS на Меѓународната вселенска станица постигнал 98 проценти рециклирање на водата што ја носат астронаутите на МВС. Овој систем користи […]

Во ера на интернетот, полицијата на оваа земја вработува 100 гулаби-писмоносци: „За не дај Боже“


Полицијата во источната индиска држава Одиша чува јато гулаби во случај на прекин на комуникацијата за време на катастрофи. Тоа е практика која се негува уште од ерата на британското колонијално владеење. Во државната служба за гулаби-писмоносци денеска се „вработуваат“ повеќе од сто птици, кои летаат со брзина од 55 километри на час и поминуваат […]

Погледнете ја „гробницата“ на напуштени електрични возила во Кина: Начин за земање субвенции


Кина стана глобална велесила во производството и продажбата на електрични возила. Но, можеби постои мрачна страна на нивниот голем подем. Неодамнешното видео открива што прават кинеските произведувачи на електрични автомобили за да добијат владини субвенции, да соберат капитал и да се искачат на листата за продажба. Снимките со дрон прикажуваат огромно поле исполнето со илјадници […]

Израел ќе ги покрие сите нови нестанбени згради со соларни панели


Израел има значителни енергетски амбиции, па затоа е наредено сите нови нестанбени згради да имаат соларни панели на покривот, што ќе ѝ помогне на земјата да ги постигне своите цели за обновлива енергија. Намерата е да се задоволи брзорастечката потреба на населението од електрична енергија. Иако Израел има доволно сончева светлина, нејзиниот опсег е премногу […]

(Видео) Почнува изградбата на најголемиот подморски тунел во светот


Почнува изградбата на најголемиот подморски тунел, кој од 2029 година ќе ја поврзува Данска со Германија. Тунелот Fehmarnbelt ќе биде долг 18 километри и ќе го скрати патувањето меѓу двете земји за 130 километри. Преминот ќе се состои од делови од тунелот кои ќе бидат потопени во Балтичкото Море, односно нема да има дупчење под […]

Решена мистеријата на исклучителниот звук во грчкиот театар Епидаурус


Mистеријаta за одличниот квалитет на звукот во античкиот грчки театар Епидаурус конечно е решена, тврдат истражувачите во една неодамнешна студија. Научниците со децении се прашуваат од каде доаѓа високиот квалитет на звукот на театарот во Епидаурус, развивајќи одредени теории. Античкиот театар на Епидаурус бил дизајниран од Поликлит во 4 век п.н.е. Оригиналните триесет и четири […]

Се враќаат батериите што корисникот може да ги замени


Нова регулатива ќе ја зајакне позицијата на потрошувачите откако во Европскиот парламент беше изгласан извештај за батерии и отпадни батерии, кој ќе донесе и нови обврски за производителите. Имено, според новите правила, тие ќе треба да дизајнираат батерии во уреди за да можат потрошувачите сами да ги заменат. На овој начин конечно се става крај […]