„Амазон“ купи 11 авиони за да ги забрза испораките


Американската онлајн компанија „Амазон“ денеска соопшти дека купила 11 авиони Боинг 767-300, со цел да ја зајакне можноста за брза испорака на стоки и да одговори на растот на нарачките преку Интернет. Авионите, од кои седум се купени од „Делта ер лајнс“ и четири од „Вест џет ерлајнс“, ќе се приклучат на карго воздушната флота […]

(Видео) Ни требаат ли вакви семафори?


Во индискиот град Мумбај поставен е семафор кој ќе може да се види од многу подалеку. Се работи за семафор на кој по целата должина на држачот има поставено лед светилки, кои ја менуваат бојата во зависност од тоа дали семафорот покажува црвено, жолто или зелено. Засега поставен е еден ваков семафор во повеќемилионскиот Мумбај, […]

Најскапиот автомобил продаден во 2020 година е стар 87 години


Аукциската куќа „Гудинг и компани“ минатата година ги продаде најскапите автомобили во вредност од 125 милиони долари, од кои повеќето се стари модели. Највисока цена достигна 1934 Bugatti Type 59 Sports, за дури 12.681.550 долари, што сепак е милион помалку од проценката на продавачот. Во прашање е спортски автомобил на францускиот производител кој дебитираше во […]

Тајните списи на Њутн на продажба: Го барал Судниот ден


Исак Њутн се смета за првиот модерен научник, но го интересирале и малку поинакви работи – пирамидите и судниот ден. Светски познатиот физичар, чии закони на движење и гравитацијата подоцна ќе доминираат со нашето разбирање на физичката вселена низ вековите, прв ја разбил светлината и покажал дека е составена од спектар од бои. Покрај тоа, […]

Пентагон на неопределено време го одложи производството на Ф-35 од петтата генерација


Пентагон одлучи да го одложи целосното производство на петтата генерација на бомбардери Ф-35 на неодредено време. Според Блумберг, американската војска се уште не е подготвена да објави кога ќе биде подготвена за борбени испитувања, што се одложени од 2017 година. Тестовите беа закажани за декември 2020 година. Според замениш шефот на Шентагон, Елен Лорд тие […]

Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици за 5Г


Кина-Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици во 2021 година, соопшти кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија. – Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија ќе ја подобри изградбата, покриеноста и спроведувањето на мрежата 5Г низ Кина во текот на 2021 година, изјави Ксијао Јакинг на прес-конференција. Тој доаде дека Министерството ќе работи […]

Снимен „Прстенот на Ајнштајн“, редок феномен во вселената


Неодамна имавме прилика да следиме ретка астрономска појава со Јупитер и Сатурн, но тоа не е единствениот феномен на кој посведочивме деновиве. Телескопот Хабл неодамна сними ефект на гравитациска леќа кој претставува совршен пример за „Ајнштајновиот прстен“. Официјалниот назив на оваа појава е GAL-CLUS-022058s, но попознат е како „растопен прстен“. Снимката го прикажува јужното соѕвездие […]

БМВ значително ќе го зголеми бројот на електрични возила


Германскиот производител на луксузни возила БМВ планира значително да го зголеми производството на електрични автомобили, изјави извршниот директор Оливер Зипсе за германскиот дневен весник „Аугсбургер алгемајне“. – Значително го зголемуваме бројот на електрични возила. Од следната до 2023 година, ќе произведеме четвртина милион повеќе електрични автомобили отколку што првично беше планирано, рече Зипсе. БМВ сака до […]

ЕУ со развојот на „паметните села“ сака руралните подрачја да ги направи атрактивни за живот


Планот за развој на „паметни села“ во Европската унија е можност да се направат руралните области во Хрватска попривлечни за живеење и со тоа да се запре нивната депопулација, беше оценето на дискусијата организирана од канцеларијата на Европскиот парламент во Хрватска. Иницијативата за развој на „паметни села“ во ЕУ започна од Словенија и Унгарија, а […]

(Видео) Пресметано колкав би бил бројот на заразени доколку сите носат маски


Една нова студија тврди дека маските блокираат 99,9 проценти од големите капки: „Нема сомнение дека маските за лице можат значително да ја намалат дисперзијата на капките што потенцијално го носат вирусот“. Маските за лице го намалуваат ризикот од ширење големи капки поврзани со опасноста од ширење на коронавирус кога лицето зборува или кашла за 99,9 […]

Примероци од астероидот Риугу ги надминаа очекувањата на научниците


Примероци од почвата на астероидот Риугу ги надминаа очекувањата на јапонските научници. Научниците ги опишуваат примероците како парчиња јаглен и црн песочен прав, кои биле собрани на астероидот Риугу, оддалечен околу 300 милиони километри од Земјата, од страна на јапонската вселенска сонда Хајабуса 2, кое неодамна се врати на Земјата. Примероците опишани од јапонските вселенски […]

Апликација Зум: Нема да има проблеми за Божик и Нова Година


Компанијата Зум, која стана популарна во светот за време на пандемијата на коронавирус, ги уверува своите корисници дека нема да има технички проблеми во текот на Божик и Нова Година. Зум во декември 2019 година имаше десет милиони корисници, а во април 2020 таа бројка достигна 300 милиони. Поради рестриктивните мерки во голем број земји […]

Маск открива: Сакав да ја продадам „Тесла“ на „Епл“, но Тим Кук ја одби средбата


Основачот на „Тесла“, Илон Маск, во дискусија на Твитер изјави дека сакал да ја продаде компанијата на технолошкиот гигант „Епл“, пренесува Ројтерс. Првиот човек на „Епл“, Тим Кук, ја одбил средбата, открива Маск. Маск рекол дека планира да разговара за можноста да ја продаде „Тесла“ на „Епл“ за една десетина од сегашната вредност, што укажува […]

Главниот германски вирусолог: Само политичарите тврдат дека новиот сој вирус 70 отсто побрзо се шири


Прашање е дали за забрзаниот пораст на бројот заразени на југоистокот на Англија е виновен новиот сој на корона вирусот иле се работи за нешто друго, смета водечкиот германски вирусолог. Зборувајќи за новиот сој корона вирус, кој изби во Велика Британија, Кристијан Дростен, се сомнева дека може да биде и друго, односно дека може едноставно […]

Франција одобри да се создадат војници како од научна фантастика


  Бионички војници досега беа поим во научната фантастика, а наскоро може да се појават и на боиштата ширум светот. Поточно, војници кои на себе имаат напредна технологија поради која нема да чувствуваат болка, ќе имаат натчовечки способности и микрочипови во себе, може наскоро да станат дел од редовните француски воени сили. Имено, францускиот етички […]

Дел од корисниците ќе останат без WhatsApp на крајот на годинава


Неколку милиони корисници на WhatsApp ќе останат без апликацијата до крајот на овој месец. Луѓето кои користат малку постари мобилни телефони би можеле да останат без популарна апликација поради оперативните системи што ги има нивниот мобилен телефон. „Сан“ наведува дека WhatsApp ќе престане да работи за луѓе кои користат iPhone што не е ажуриран на […]

Фејсбук привремено оневозможи некои опции на Месинџер и на Инстаграм


  Фејсбук ги извести корисниците на Месинџер и на Инстаграм во Европа дека некои опции во моментот се привремено недостапни. Пораката, неделава, се појави во апликациите на Фејсбук Месинџер и Инстаграм за европските корисници напоменувајќи дека некои опции не се достапни поради „почитувањето на новите правила за услуги при размена на пораки во Европа“. Фејсбук […]

Хуавеи гради фабрика на исток во Франција, прва надвор од Кина


 Кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеи ќе изгради фабрика на истокот на Франција за производство на опрема пред се поврзана со технологијата 5G, прва нејзина таква фабрика надвор од Кина, соопшти компанијата. Во фабриката ќе бидат инвестирани минимум 200 милиони евра и првично ќе бидат вработени 300 лица. Мобилни мрежни технолошки решенија ќе бидат произведени за целиот […]

Вредоста на биткоинот надмина над 22.000 долари


Најстарата и најголема криптовалута во светот за помалку од 24 часа собори уште еден рекорд и ја надмина психолошката граница од 22.000 долари. Вредноста на биткоинот за еден ден се зголеми за речиси 15 проценти и утрово се тргуваше за 22.327 долари, што е нов историски максимум. И другите главни криптовалути забележаа двоцифрен раст. Вредноста […]

Кинезите успешно го спуштија модулот „Чанг-5“ со примероци од тлото на Месечината


 Кинескиот модул „Чанг-5“, што замина на Месечината за да собере примероци од тлото, денеска слета во северниот дел на кинеската провинција Внатрешна Монголија, јави агенцијата Ксинхуа. Агенцијата додава дека ова е првата мисија со враќање од Месечината од далечната 1970 година. Модулот денеска, во раните утрински часови по локално време, слета во Сизиванг или Дорбод, […]