Вредоста на биткоинот надмина над 22.000 долари


Најстарата и најголема криптовалута во светот за помалку од 24 часа собори уште еден рекорд и ја надмина психолошката граница од 22.000 долари.

Вредноста на биткоинот за еден ден се зголеми за речиси 15 проценти и утрово се тргуваше за 22.327 долари, што е нов историски максимум.

И другите главни криптовалути забележаа двоцифрен раст. Вредноста на Етереум се зголеми за околу 10 отсто, додека Риплов ХРП за 23 проценти.