Мелони: Нема да дозволам Италија да стане „европски бегалски камп“


Рим – Италијанскaтa премиерка Џорџa Мелони изјави во Њујорк дека нема да дозволи Италија да стане „европски бегалски камп“. Мелони, која присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации, рече дека зголемениот прилив на мигранти на островот Лампедуза ја стави Италија под „неодржлив притисок“. Мелони ги отфрли критиките за меморандумот за разбирање што ЕУ го потпиша со […]

Напладне, прекин на огнот во Нагорно-Карабах


Со посредство на руските мировници, властите на Нагорно-Карабах се согласија на прекин на огнот, соопштија властите на непризнатата република. „Администрацијата на шефот на Нагорно-Карабах соопштува дека Азербејџан од 19 септември извршил голем напад по целата линија на одвојување со ракетни, артилериски и воздушни напади“, пренесува агенцијата „Арменпрес“. Целта била да се предизвика непоправлива штета. на […]

Шолц во ОН: Мир без правда е диктат, нема место за империјализам во 21 век


Германскиот канцелар Олаф Шолц во говорот пред Генералното собрание на ОН во Њујорк ги поддржа меѓународните напори за мир во Украина, но истовремено предупреди од „привидни решенија“ кои зборот „мир“ го содржат само декларативно. „Зашто: мир без слобода значи угнетување. Мир без правда се нарекува диктат. Тоа конечно мора да го разберат и во Москва“, […]

Демонстрантите во Дерна, гневни по поплавите, ја запалија куќата на градоначалникот


Запалена е куќата на либискиот градоначалник во градот Дерна, откако стотици демонстранти бараа одговори за минатонеделните катастрофални поплави. Тие се собраа во понеделникот вечерта во познатата градска џамија Сахаба, а многумина извикуваа дека највисоките функционери на источната либиска влада треба да бидат сменети. Целиот градски совет на Дерна сега е распуштен. Домот на градоначалникот на […]

Невообичаена мерка против загадувањето: Затвораат илјадници паркинг места за да ги обесхрабрат возачите


Германскиот град Хановер ги претстави далекусежните планови за „протерување“ на автомобилите од центарот на градот, a планот е да ги претвори во место за „забава и прошетка“. Во една од најамбициозните транспортни реформи досега предложени во Европа, северниот германски град ќе отстрани речиси 4.000 места за паркирање на улица, бидејќи се обидува да ги обесхрабри […]

Олена Зеленска: Русите киднапираа 19.000 деца, им зборуваат дека не им требаат на родителите


Олена Зеленска, првата дама на Украина, вчера ги повика светските лидери да помогнат во враќањето на украинските деца кои биле насилно однесени во Русија, каде, како што рече, биле индоктринирани и лишени од нивниот национален идентитет, пренесува Франс прес. Зборувајќи на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, Зеленска рече дека повеќе од 19.000 украински […]

Студија: Мажите со тешки работни места и ниски плати имаат поголеми шанси за срцеви заболувања


Мажите кои работат напорна работа за несоодветна награда имаат двојно поголема веројатност да развијат срцеви заболувања од оние чии работни места се помалку напорни и позадоволителни, покажува новото истражување. „Комбинираниот ефект на обемот на работа и нерамнотежата на напор-наградата беше сличен по големина на ефектот на дебелината врз ризикот од коронарна срцева болест“, според тим […]

Може ли Нагорно-Карабах да прерасне во голем конфликт меѓу Азербејџан и Ерменија


Војната се врати во Нагорно-Карабах на 19. септември, придружена со воздушни сирени и напади со беспилотни летала, додека Азербејџан почна голема армиска офанзива против ерменската енклава лоцирана на нејзината територија. Министерството за одбрана на Азербејџан го нарече нападот „антитерористичка операција“, наменета за враќање на уставниот поредок и протерување на вооружените ерменски сепаратисти од регионот. Официјални […]

Гутереш: Загрижувачки извештаи за жртви во Нагорно-Карабах, итен прекин на огнот


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази огромна загриженост поради извештаите за жртви во Нагорно-Карабах и повика на итен прекин на непријателствата. „Генералниот секретар е крајно загрижен за употребата на воена сила во регионот и извештаите за жртви, вклучувајќи го и фактот дека има жртви меѓу цивилното население. Генералниот секретар повикува на итен прекин на […]

Земјотрес од 6 степени во централниот дел на Јужниот остров на Нов Зеланд


Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Џералдин, во централниот дел на Јужниот остров на Нов Зеланд. Според првичните податоци, нема жртви или значителна материјална штета. Земјотресот, најсилниот во земјата оваа година, е регистриран утрово во 9:14 часот по локално време (21:14 часот по Гринич) на длабочина од […]

Бразилската морнарица заплени рекордни 3,6 тони кокаин


Бразилската морнарица соопшти дека запленила 3,6 тони кокаин на брод во близина на брегот на североисточната држава Пернамбуко – најголема поморска заплена на дрога во Бразил. Во соопштението, морнарицата соопшти дека запленила мал моторен чамец што се користел за транспорт на луѓе и товар долж брегот, со пет членови на екипажот, што се движел кон […]

Франција ги зајакна полициските сили долж границата со Италија


 Франција денеска распореди хеликоптер на царинската полиција на нејзината јужна граница со Италија, каде веќе беа поставени антитерористички копнени возила како дел од мерките за зајакнување на граничните контроли и одговор на неодамнешното зголемување на пристигнувања на мигранти и бегалци на островот Лампедуза. Меѓутоа, локалната администрација негираше дека е во тек антитерористичка операција, наведувајќи само […]

Зеленски утре ќе ги изнесе деталите од украинската мировна формула


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање на Генералното собрание на ОН потсети дека презентирал нацрти на украинската мировна формула за време на неговото видео-обраќање на минатогодишното Генерално собрание на ОН. Тој рече дека планира да ги изнесе деталите на утрешниот Совет за безбедност на ОН и оти повеќе од 140 земји и меѓународни организации […]

Ердоган: Турција го поддржува Азербејџан во неговите чекори „да го зачува територијалниот интегритет“


Турција го поддржува Азербејџан во неговите „чекори за зачувување на неговиот територијален интегритет“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во говорот во Обединетите нации. – (Нагорно-) Карабах е азербејџанска територија …, рече Ердоган во ОН, додавајќи дека кој било друг статус „никогаш нема да биде прифатен“, пренесе ДПА. Според него, „Ерменија треба да ги исполни […]

Берлин блокиран од активисти кои се борат за забрана на фосилни горива


Членовите на еколошкото движење „Последната генерација“ ја продолжија својата најавена „акциска“ недела во германската престолнина со блокирање на бројни патишта во Берлин денеска со протести со кои сакаат да ги поттикнат владините мерки против климатските промени и итната забрана на фосилните горива. „Блокади на патишта беа спроведени на 12 локации во градот, а дел од […]

ЕК спроведе инспекција за кршење на правилата за конкурентност во компанија за медицинска опрема


Европската комисија денеска соопшти дека извршила ненајавена инспекција во просториите на компанија за производство на медицински помагала за лица со кардиоваскуларни заболувања. Инспекцијата е иницирана поради загриженоста на Еврокомиисјата дека компанијата можеби ги прекршила антимонополските правила на ЕУ кои забрануваат злоупотреба на доминантна позиција на пазарот. Службеници на Комисијата при инспекцијата биле придружувани од нивни […]

Азербејџан почна „антитерористички операции“ во Нагорно Карабах, Русија апелира да сопрат


– Азербејџан денеска соопшти дека почнал „антитерористички операции“ против ерменските сили во Нагорно-Карабах, што со децении наназад е спорна територија меѓу двете земји и причина за неколкуте воени судири. Азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека операцијата „со помош на високопрецизно оружје“ почнала неколку часа по смртта на четворица војници и двајца цивили во експлозија на […]

Владејачката партија во Полска објави таен воен план за да им наштети на ривалите


ВАРШАВА – Полската владејачка националистичка партија Право и правда (ПиС) предизвика безбедносна бура со објавување делови од таен план за одбрана како дел од кампањата која има за цел да ја дискредитира опозицијата пред општите избори на 15 октомври. „Внимание! Владата на Туск беше подготвена да се откаже од половина од земјата во случај на […]

Ќе се сретнат или ќе се разминат Зеленски и Лавров во ОН?


За прв пат од почетокот на војната, претседателот на Украина Володомир зеленски и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров би можеле да се сретнат „лице в лице“ на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации. Зеленски треба да зборува на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Украина, што значи дека технички ќе […]

Короната и маските повторно се актуелни во Германија


Потврдениот број на инфекции со коронавирус повторно се зголемува во Германија дури и пред есента и зимата кога се очекуваше нов бран. Министерот за финансии Кристијан Линднер и министерот за одбрана Борис Писториус ги откажаа своите состаноци оваа недела бидејќи биле позитивни на тестот за ковид, пишува ДПА. Вршителот на должноста претседател на Институтот „Роберт […]