Борба „низ пеколот“. За да го врати Бахмут, украинска бригада прво мора да ја преживее шумата


  АНДРИИВКА, Украина – Рускиот куршум го погодил наредникот веднаш над левото уво. Водачот на украинскиот вод падна на земја. Штабот преку радио врска емитуваше промоција на бојното поле на припадникот кој го нарече „брат“ – човек познат како Курир. Курир знаеше дека наредбите на водот беа да се движат напред низ шумата, на патот […]

Во нападот на седиштето на руската Црноморска флота има девет загинати, ранети се генерали


  Најмалку девет лица загинаа, а 16 се повредени во ракетниот напад врз седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол на 22 септември, изјави началникот на Главната управа за разузнавање на Украина, Кирил Буданов. Ова го изјави во коментар за украинскиот сервис на Гласот на Америка. Нема потврда за оваа информација. Според Буданов, овој податок […]

Шпанската принцеза го замени гламурот за воена униформа и автоматска пушка


Шпанската принцеза Леонор успешно го заврши првиот дел од обуката на воената академија, а на церемонијата „Чин на доставување сабји“ и беше доделена титулата витез. 17-годишната принцеза моментално поминува тригодишна практична воена обука, откако минатиот месец се запиша на воената академија во Сарагоса, североисточна Шпанија. Таму ќе помине една година, пред да се префрли во […]

Џинпинг: Кина е подготвена да развие стратешко партнерство со Јужна Кореја


 Кина е подготвена да соработува со Јужна Кореја за развивање стратешко партнерство во согласност со актуелниот момент, изјави денеска кинескиот претседател Ши Џинпинг. Претседателот Ши се сретна со јужнокорејскиот премиер Хан Дук-су во источниот кинески град Хангжу пред отворањето на Азиските игри. Ши, исто така, рече дека сериозно ќе го разгледа прашањето за посета на […]

Индија, Бразил и Јужна Африка бараат реформa во Советот за безбедност на ОН


 Министрите за надворешни работи на Индија, Бразил и Јужноафриканската Република денеска по состанокот на маргините на Генералното собрание на ОН изјавија дека е неопходна реформа на Советот за безбедност на Обединетите нации. Официјалните претставници ја поддржаа „легитимната желба на африканските земји да имаат постојано присуство во Советот за безбедност на ОН и ја поддржаа желбата […]

Во Норвешка е уапсен поранешниот командант на паравоената група „Вагнер“


Норвешката полиција го уапси поранешниот командант на руската паравоена група „Вагнер“, Андреј Медведев, бидејќи наводно се обидел илегално да ја премине границата и да се врати во Русија, откако претходно оваа година побарал азил во Норвешка, соопштија денеска неговите адвокати. Полицијата претходно објави дека маж на околу 20 години е уапсен поради обид илегално да […]

Борел: ЕУ треба да покаже солидарност со Италија, каде пристигнуваат голем број мигранти


 Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јозеп Борел денеска изјави дека Европската унија мора да покаже солидарност со Италија додека таа земја се бори со зголемениот број мигранти и бегалци кои пристигнуваат на нејзиниот јужен брег. „Мораме да ја покажеме сета наша солидарност со Италија во овој тежок момент. Европската унија ќе […]

Германија воведува гранични контроли со Полска и Чешка


Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер најави воведување гранични контроли на границата со Полска и Чешка, како што пренесоа денеска германските медиуми.   „Мислам дека сега треба да бидеме прагматични и да воведеме стационарни гранични контроли на границите со Полска и Чешка“, рече Фезерво интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“. . Таа нагласи дека […]

Месина Денаро падна во неповратна кома


Најбараниот шеф на италијанската мафија, Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во јануари откако беше во бегство 30 години, од вчера е во неповратна кома, јави новинската агенција АНСА. Тој боледува од рак на дебелото црево и неговите лекари велат дека Месина Денаро нема да закрепне. На негово барање, мерките за одржување на животот се […]

Хаос во Италија: Во тек е евакуација, има мртви (фото/видео)


Додека централно-северните региони на Италија се борат со грмотевици и град, Сицилија се уште е погодена од африканските горештини, а високите температури предизвикуваат пожари. Повторно најтешко беше на подрачјето на Палермо, кое пред два месеци се гасеше со пожари кои предизвикаа големи штети. Во петокот попладне, зградата 18 од универзитетскиот кампус во главниот град на […]

Се урна дел од автопат во Шведска: Три лица се повредени


Голем дел од автопатот на југозападот на Шведска се урна во текот на ноќта, а три лица со полесни повреди се хоспитализирани, соопшти денеска полицијата. Свлечиштето го оштети автопатот меѓу вториот по големина град во Шведска Гетеборг и главниот град на Норвешка Осло, во близина на малиот град Стенунгсунд, на околу 50 километри северно од […]

Нови напади врз седиштето на руската Црноморска флота


Еден ден по успешниот украински напад врз седиштето на руската црноморска флота, повторно одекнаа експлозии на полуостровот Крим, кој Русија незаконски го анектираше во 2014 година, пренесува Хина повикувајќи се на ДПА. „Според првите информации, во Севастопол работела противвоздушна одбрана“, напиша на Телеграм рускиот шеф на окупираната територија Михаил Развошеев. Делови од проектил паднале во […]

Есен отстранува споменик на кардинал обвинет за сексуално злоставување


 Бискупијата на германскиот град Есен соопшти дека ќе го отстрани споменикот на починатиот кардинал Франц Хенгсбах, обвинет за злоупотреба на малолетници, и ќе го замени со меморијал на жртви на сексуално насилство. Хенгсбах беше католички кардинал кој почина во 1991 година. Тој беше обвинет, меѓу другото, за наводно злоставување на шеснаесетгодишно девојче во 1954 година […]

Моравјецки му порача на Зеленски да не ги навредува Полјаците


Полскиот премиер Матеуш Моравјецки синоќа му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не ги навредува Полјаците, продолжувајќи со својата остра реторика кон Киев откако полскиот претседател се обиде да ги намали тензиите поради спорот околу увозот на жито. Минатата недела Полска одлучи да ја продолжи забраната за увоз на украинско жито, загрозувајќи ги односите […]

Најмалку пет жртви во експлозија во фабрика во Тајван


Најмалку пет лица, вклучувајќи пожарникари и работници, загинаа, а повеќе од 100 луѓе се повредени во експлозија во фабрика во јужен Тајван, соопштија денеска локалните власти. Несреќата се случила доцна синоќа во фабриката на производителот на топчиња за голф, Launch Technologies Co, лоцирана во округот Пингтунг. Операциите за пребарување и спасување продолжија во текот на […]

Штрајкот во американската автомобилска индустрија се прошири во 20 сојузни држави


Американскиот синдикат на работници во автомобилската индустрија Обединетите авто работници (United Auto Workers-УАВ), денеска го проширија штрајкот против големите производители на автомобили во 38 погони во 20 американски држави. Работниците ја напуштија работата во 38 дистрибутивни центри на Џенерал Моторс и Стелантис. На штрајкот се приклучија уште 5.600 работници, покрај 13.000 членови на синдикатот кои […]

Почина поранешниот претседател на Италија Џорџо Наполитано


Џорџо Наполитано, претседател на Италија во два мандати и еден од најугледните италијански политичари, почина денеска на 98-годишна возраст. Наполитано почина во болница во Рим, а неговата здравствена состојба веќе извесно време беше критична, пренесува АНСА. Роден е во Неапол на 25 јуни 1925 година, а дипломирал право на Универзитетот во Неапол во 1947 година. […]

Утврден бројот на европратеници од секоја членка на ЕУ за следниот состав на ЕП


Европскиот совет денеска донесе одлука за бројот на пратеници до секоја земја членка на ЕУ кои треба да бидат избрани во Европскиот парламент за парламентарниот состав од 2024 до 2029 година. Согласно оваа одлука, како што соопшти Европскиот совет, во следниот Европарламент ќе има 720 пратеници при што двајца европратеници повеќе од досега ќе имаат […]

Зеленски во Отава, Канада „ќе прави се што може за Украина“


Украинскиот претседател Володомир Зеленски допатува во ненадејна посета на Канада и денес ќе зборува пред канадскиот парламент како дел од неговата кампања за зајакнување на поддршката од западните сојузници за војната на Украина против руската инвазија. Зеленски допатува во главниот град на Канада по средбите со американскиот претседател Џо Бајден и пратениците во Вашингтон. Тој […]

Се шири голем шумски пожар во близина на Палермо, училиштата затворени


 Голем шумски пожар во близина на Палермо се шири и го загрозува главниот град на Сицилија, а училиштата во околните населби се затворени, јавија денеска италијанските медиуми. Жителите на предградието Бранкачо поминаа непроспиена ноќ на покривите на своите куќи, како што тоа го правеа во јули кога областа исто така беше зафатена од шумски пожари, […]