Хамас објави видео клип со една од киднапираните


Миа Шем била на музичкиот фестивал кога била грабната

 

Терористичката група Хамас го објави првиот клип на кој се гледа еден од 200 или повеќе израелски заложници држени од терористички групи во Појасот Газа.

На краткото видео се гледа како младата жена, 21-годишната Миа Шем, е лекувана откако била ранета во раката, а подоцна зборува пред камерата.

Шем беше киднапирана од милтантите на Хамас на 7 октомври додека учествуваше во пустинскиот музички фестивал во кибуцот Реим, каде што вооружените лица масакрираа над 260 посетители на фестивалот.

На камерата раскажува дека била оперирана три часа и дека „Негувана сум, земам лекови. Само барам да се вратам дома што е можно поскоро, кај моето семејство, кај моите родители, кај моите браќа и сестри. Ве молам, извадете ме одовде што е можно поскоро“.

Семејството на Шем реагираше на клипот, велејќи: „Среќни сме“.