И третиот обид неуспешен: Џордан не стана шеф на Претставничкиот дом на Конгресот на САД


Републиканецот Џим Џордан по третпат не успеа да обезбеди доволен број претставници од сопствената партија за да стане нов претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Тој денеска доби дури и помала поддршка од претходните два круга на гласање. Противењето за назначување на Џордан расте само од гласање во гласање, а со оглед на […]

ОН: Ел Нињо ќе трае до 2024 година, тоа ќе влијае на земјоделството во Јужна Америка


Временскиот феномен Ел Нињо ќе трае најмалку до средината на 2024 година, според најновите проценки на Обединетите нации, со невообичаено обилни врнежи во Латинска Америка и ризици за земјоделството. „Температурите на површината на Тихиот Океан нагло се зголемија во последните месеци, со затоплување посилно долж брегот на Јужна Америка“, се вели во извештајот на Организацијата […]

Хамас ослободи двајца американски заложници


  Двајца американски заложници, мајка и нејзината ќерка, се ослободени од Хамас, соопшти дипломатски извор упатен во преговорите. Двете се предадени на Црвениот крст и се „на заминување“, рече извор запознаен со преговорите. Тие се ослободени на „хуманитарни причини“ бидејќи мајката е во лоша здравствена состојба, рече истиот извор. Не е јасно дали тие ќе […]

Бура ја зафати Германија – најсилна во последните 20 години


Делови од Германија беа зафатени од силно невреме, а надлежните служби предупредуваат дека состојбата вечерва ќе биде уште полоша. Бурниот ветер во петокот стигна до Шлезвиг-Холштајн, додека во тој северен регион на земјата се очекуваат ветрови со урагански сили. Беа упатени голем број предупредувања до населението.  „Во Шлезвиг-Холштајн на хоризонтот е една од најлошите бури […]

Шведска ќе ги ограничи социјалните бенефиции за неевропските имигранти


Десничарската влада на Шведска денеска соопшти дека ќе ги отежне условите за имигрантите кои не се од Европа да добиваат социјални бенефиции, нагласувајќи дека сака да ги одврати мигрантите од пристигнувањето и подобро да ги интегрира оние што го прават тоа. Малцинската влада на премиерот Улф Кристерсон дојде на власт пред една година со – […]

МКС: Септемврискиот кибер напад против Меѓународниот кривичен суд беше обид за шпионажа


Кибер нападот извршен во септември против Меѓународниот кривичен суд (МКС) беше обид за шпионажа, соопшти организацијата со седиште во Хаг. Засега судот не може да утврди кој стои зад нападот, се додава во соопштението. „Во моментов достапните докази укажуваат на насочен и професионален напад со цел шпионажа. Затоа, кибер нападот може да се смета за […]

Евакуиран аеродромот во Базел


Соопштено е дека аеродромот во Базел е евакуиран од безбедносни причини. Полицијата подоцна соопшти дека добила дојава за закана за бомба и дека аеродромот е евакуиран. Прес-службата објави дека „од патниците се бара да ја контактираат својата компанија за информации за летот“. Аеродромот во Базел беше евакуиран во петокот попладне поради закана за бомба. Во […]

Тред ден закани за бомби на осум аеродроми во Франција, во тек е евакуација


Во Франција денеска беа испратени закани за бомби на осум аеродроми, од кои три се евакуираат, јави ТВ БФМ. Извештаи за подметнати експлозивни направи во текот на утрото добија аеродромите во Лил-Лекан, Рен, Бове, Тарб, Нант, Безје, Пау и Брест, од кои во тек е евакуација во Рен, Тарбес и Безје. И во претходните два […]

Израел ги менува плановите за инвазијата, ракета погоди православна црква во Газа


  Соединетите Држави извршија притисок врз Израел да ги ограничи цивилните жртви во копнената операција на Појасот Газа за уништување на Хамас, што предизвика големи промени во плановите за операцијата, изјавија за Блумберг високи израелски претставници. Првично, израелските одбранбени сили (ИДФ) требаше да изведат операција со „координирани воздушни, морски и копнени напади“, но по посетите […]

Мрачен ден за конзервативците и Сунак – загубија две сигурни места од лабуристите


  Британските лабуристи освоија две сигурни места на конзервативците во двојната победа на дополнителните избори што покренува нови прашања за премиерот Риши Сунак. Гласачите во Мид Бедфордшир и Тамворт значително се свртеа кон лабуристите, што е лош резултат за Сунак и неговата ториевска партија. Мид Бедфордшир забележа промена од 20,5 отсто, трансформирајќи го мнозинството од […]

Мелони се раздели од нејзиниот партнер по неговите сексистички коментари


  Италијанската премиерка Џорџија Мелони во петокот објави дека се разделува од нејзиниот партнер, италијанскиот новинар Андреа Џамбруно, откако сатирично ТВ шоу објави негови непристојни коментари. „Мојата врска со Андреа Џамбруно, која траеше речиси десет години, завршува тука“, напиша Мелони на социјалните мрежи. Во коментарите на емитувањето, се слуша како Џамбруно прашува дали може да […]

Фон дер Лајен: Русија и Хамас се слични. Намерно бараат невини цивили за да ги убијат


Европа и САД имаат визија за модерен свет во кој демократијата, слободата, безбедноста, можностите, образованието и благосостојбата се универзални вредности и имаат должност да ја обликуваат таа иднина заедно, изјави доцна синоќа по европско време претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето во Инстутот „Хадсон“ во Вашингтон. Сепак, според неа, случувањата изминативе […]

Нападнати американски воени бази во Ирак


Беспилотни летала и ракети вчера вечерта ја нападнаа воздухопловната база Аин ал Асад во западен Ирак, каде што се стационирани американски и други меѓународни сили, додека во базата се слушнаа повеќе експлозии, изјавија два безбедносни извори. Ирачката армија извести дека ја затворила областа околу воздухопловната база, а во меѓувреме започнала истрага за овој случај. Засега […]

Уапсен маж во врска со напаѓачот од Брисел


Во Франција е уапсен маж поврзан со напаѓачот кој уби двајца Швеѓани во Брисел. Француските специјалци вчера уапсија маж недалеку од центарот на градот, а при апсењето не нашле огнено оружје, туку само му ги одзеле дигиталните уреди како телефони и компјутери. Уапсениот, за кој се верува дека е од туниска националност, како и убиецот […]

Анкета: Нетанјаху треба да преземе одговорност за неуспесите


Тел Авив – Мнозинството Израелци веруваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху треба јавно да прифати одговорноста за неуспесите што доведоа до нападот на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври, покажуваат резултатите од анкетата на весникот „Маарив“. Околу 80 отсто од испитаниците изјавиле дека Нетанјаху треба да го следи примерот на шефовите на израелската армија и […]

Во Велика Британија за една недела уапсени над 1.600 осомничени дилери на дрога


Лондон – За една недела во Англија и Велс уапсени се повеќе од 1.600 осомничени членови на банди кои тргувале со дрога. Вкупно 710 лица, меѓу кои 58 деца, биле упатени до службите за заштита како можни жртви на експлоатација од бандите. Бандите се познати по тоа што ги искористуваат децата како дилери на дрога и […]

Зошто Египет и другите арапски нации се двоумат да примат палестински бегалци


Додека Палестинците во опколениот Појас Газа бараат засолниште од немилосрдното израелско бомбардирање како одговор на бруталниот напад на Хамас на 7 октомври, некои се прашуваат зошто соседните Египет и Јордан не ги прифаќаат. Двата израелски соседи, кои се граничат со Газа и окупираниот Западен Брег, одговорија со категорично одбивање. Во Јордан веќе има голема палестинска […]

Самит ЕУ-САД во Вашингтон, главни теми Украина и последиците од нападите на Хамас врз Израел


Брисел– Првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, во својство на претставници на Унијата, денеска во Вашингтон ќе се сретнат со американскиот претседател Џо Бајден во рамки на 27-от Самит ЕУ-САД, кој ќе биде можност да се разговара за трансатлантското партнерство и за повеќе области на билатерална […]

Пресретнати проектили и дронови „потенцијално насочени кон Израел“


Портпаролот на Пентагон, Пет Рајдер, изјави дека САД не можат да бидат сигурни што било цел на ракетите и дроновите во Црвеното Море. Рајдер прецизира дека тие биле „лансирани од Јемен и се движеле кон север над Црвеното Море, потенцијално кон цели во Израел“. – Имаме способност да ги браниме нашите пошироки интереси во регионот […]

САД ќе префрлат десетици илјади гранати во Израел наместо во Украина


  Пентагон планира да пренесе на Израел десетици илјади гранати од 155 милиметри кои биле наменети за Украина. Ова го објави американскиот медиум „Аксиос“, повикувајќи се на тројца израелски официјални лица запознаени со ситуацијата. Според изданието, израелските одбранбени сили и Министерството за одбрана на земјата му рекле на Вашингтон дека итно им се потребни артилериски […]