Израел ја намали бројката на загинатите од 7 октомври – биле 1.200, а не 1.400
Израел го намали надолу бројот на загинати од нападите на Хамас во минатиот месец на југот на земјата од 1.400 на околу 1.200, изјави во петокот портпаролот на Министерството за надворешни работи.
„Ова е ажурираниот број“, изјави портпаролот Лиор Хајат за АФП.
„Тоа се должи на фактот дека имаше многу трупови кои не беа идентификувани и сега мислиме дека тие им припаѓаат на терористите… а не на израелски жртви“.
Израел претходно соопшти дека борците на Хамас кои се прелеаја преку силно милитаризираната граница на 7 октомври убиле 1.400 луѓе, главно цивили, објави новинската агенција. Во соопштението од петокот се вели дека „околу 1.200 луѓе“ биле убиени од Хамас.